те (зам.) - турка (гл.)

Таа навистина умееше да го избрише прозорецот со мрсна крпа а потоа да те турка да погледнеш за да утврдиш дека среде лето надвор паднала магла.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И, на ненајавена средба, апансас те туркаат во клинч, па со вкрстени прашања од типот „признај сѐ за твоето минато“, те парчосуваат, божем низ хумор.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Времето ем растура, ем гради - упаднав јас во нивниот дијалог. -Тоа му е и добрата и лошата страна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На нагорно треба да те турка некој, а на надолно треба сопирачки да си врзиш на нозете, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нема ништо за тоа како ѝ е таму, туку наместо тоа тирада за животот воопшто дека ти е како совалката во разбојот додека се ткае, те турка низ конците на деновите еднаш наваму еднаш натаму како што често знае да каже мајката Роса, ама каде е таа, Пелагија, во тој разбој, не кажува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Некои хемиски проблеми можеш полесно да ги разбереш, ако си впрегнат на некаква роботска рака, што те влече или те турка и со тоа ги симулира молекулските сили.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но ако барам некое оправдување за себе, ќе го речам твоето: го правев тоа од немајкаде но и од некој необјаснив бран на задоволство од изненадите што ги носи тоа немајкаде и те турка кон некој брег на кој мислиш дека конечно ќе го откриеш светот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ќе те туркам и ќе те закрепувам, ѝ велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)