те (зам.) - третира (гл.)

„Понекогаш“, рече таа, „ тие те третираат со нешто... нешто на што не можеш да му се противставиш, нешто на што дури не можеш ни да мислиш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не учествува секогаш во кичерската логика на оцрнувањето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е секогаш спуштање на другите луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога ќе ја примениш етикетава на себе, таа може да биде пример за кампската практика на вклучување – комунална практика што се состои од одбивање да се изземеш од сеопштото спласнување на туѓите стремежи кон автентичност и сериозност, но без да се откажеш од сите свои барања тебе да те третираат пристојно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еднаш во Бостон, пред многу години, прашав еден пријател, кој со години и години живееше со истиот дечко, дали некогаш им дошло да се венчаат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Маж кој чувствува хомосексуална желба нужно се става во положбата на сексуален субјект и во општествената улога на жена, сигурно според перцепциите што другите ги имаат за него и – барем на некое ниво или до одреден степен – според неговата сопствена перцепција за самиот себеси.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Истовремено, повеќето такви мажи си ги задржуваат општествениот статус и чувството на субјективна овластеност што им припаѓаат на сосема полноправните мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да те признаат и да те третираат како машко неминовно значи и дека си општествено и субјективно конституиран како машко.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исходот од тој родово конститутивен процес се јавува во многу аспекти на формирањето на мажествениот субјект кои се земаат здраво за готово и кои поради тоа се инстинктивни: тие аспекти се движат од чувство дека имаш право на сопствените чувства и мислења до чувство дека имаш јавен свој простор или барем дека во него ти е удобно, до уживање на правото на говор и на можноста да ѝ се наметнеш на група или да ѝ ги наметнеш своите ставови, до запоседнување на сопствена еротска автономија и сопствен сексуален субјективитет. ‌Геј-мажите, тогаш, се и како стрејт-мажите и различни од нив, исто како што се и како стрејт-жените и различни од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)