те (зам.) - тера (гл.)

Мене ме донесе, тоа чудо од далеку, а тебе те прибраа турците во залог, те тераа како стока со камшик па те дотераа право пред мене. - објаснуваше Трајанка. – Но секое раѓање било болно, велат старите, еве гледаш како нашата љубов се роди со болка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Што правиш ти, човече, - му велам. – Како те тера вака да се самоисцрпуваш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
— Ами шо мислиш ти, шо забележа дури те тераше со него, и праќа ли од секое село парите в град или со него и носи?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Седи сега тука! Што те тера ѓецко за бегање!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Можеби Домаќин те тера да веруваш во ужасни нешта за мене.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Зашто ќе се занимавам со етосот на еден жанр – со особениот начин на кој еден жанр те тера да се чувствуваш – а со тоа и ќе се занимавам со содржината на самата форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
МАРТА: Никој не те тера да им се сетиш на сите проклети епови од Ворнер брадерс... само на еден! Еден едничок еп!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ова те тера да се запрашаш што им се случува на геј-мажите од дваесет и петтата до триесеттата што ги тера наеднаш да заличат толку уморно, толку доодени, културно толку назадни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Знаеш ли колку боли кога те тераат да одиш отаде во туѓа земја и на рамо, под мишка, на врат, од долго стекнуваниот имот да понесеш само толку, колку што може да се собере во една торба или вреќа?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Глава ти пука од болка, на леб и вода да не погледнеш од мака, зашто сѐ што ќе касниш ќе го повратиш, та само на пролив те тера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Измачените и страдалнички лица, на кои се сочувани белези на гордост и достоинство, те тераат пред нив да застанеш и да простумиш со почит и воздржан здив.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Горам од нетрпение да видам што е тоа што те тера така брзо и така лесно да го извлечеш пиштолот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Те тера да се возите по ескалатори, а ти веќе визуелизираш: невино го пружа ноџето нанапред, испотената рака се лизга, и тој паѓа во слоу моушн додека целиот трговски занемува.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Другите две можеле и да останат свиткани под твојата дебела кожинка и тука задржани, без да бидат во состојба ни да те раскрвават, едното од нив можело и да се слизне по твојата четина и воопшто да не те повреди, но ова, што те тера да крвавиш вака, не ќе е на некое многу згодно место, тоа може уште оддалеку да се види, му зборуваше на својот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ослободи се од стравот. Стравот те тера да го превиткуваш грбникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Што ѓавола те тераше да се инаетиш и да велиш: нема држава...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Што ѓавол те тера пак тука да го ставаш ѕидот“, му рече жена му. „Мрдни се малку понаваму...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Те тераат да им помагаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Радоста те пијани, како да си јал болвајчав леб што првин те успива, а потоа те тера на повраќање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тебе те тепаат, а те тераат да им помагаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И само ти се суши устата и те тера да пиеш вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Надвор те тера, ако се прејадеш, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Колку за гуски кубење, пријателе - му одгоорил старио - многу сум мајстор, само ако ми паднат в раце.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Овде коа сака човек работот, а коа не, не; тамо било инаку: сакаш, нејќиш, со сила те тераат на работа!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа чуја старците тие зборои од царот, му се поклонија и си отидоа дома, та седнаа да мислат кој збор каков је.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се чувствувам како дете во поглед на тоа колку лесно емоциите излегуваат на површина оддавајќи ја секоја моја состојба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Изгледа помалку како во сон, те тера на смеење, или си екстремно среќен или екстремно тажен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Каков ѓавол ми те тера во бој да си?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Друго, тука е и внатрешниот импулс кој те тера да работиш на поразличен начин од секој друг.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Простено нека ми е што зборувам вака за еден таков момент, но несреќата на една жена, нејзината тага, и особено нејзините солзи, тебе како маж не те тераат да ја жалиш, туку на мислата да ја утешиш со своето срце. Ми зборуваше нешто, но јас одвај дали ја слушав.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во пазувите на ова бессоно утро Во падините на рајот вечен Жена метузалемски стара ми прорече: Кај што река има, таму тече Крвта на твоите незнајни предци А кај ќе видиш санта, глечер Таму нема вера, таму нема светци Тук кон зло те тера лик нечовечен И тој ќе зине муцка клета Вели – малку ли се трите Света?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Тоа те тера да ги замислуваш луѓето како седат со своите раце врз контролните копчиња, нешто што наликува на игра. Правиот збор е „недовршено“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Зло некое те тера, нечистиот те тера да ти појде и куќата и главата...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дури ноќта, несоницата со цвилежот на запалената кучка те тера да ги протеруваш нечесните демони од себе, да се тресеш од лазењето на инсектите по жилите, да завиваш под јорганот, додека на стотина метри од твојот кревет, гледачите пред провинцискиот театар, уредно наредени во семејни кругови, чекаат да ги подадат билетите за вечерашната премиера.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Тоа го зајакнува духот, те тера да размислуваш...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Што ѓавол те тера ова да го правиш?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
А и месо не мораш да јадеш ако не сакаш, кој те тераше? - и ми го сврти левиот образ.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Овојпат не избега кога ја погледнав, туку продолжи така лудо да ме гледа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И тогаш ќе те тера само на плачење. Или на пеење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од тоа се добива лошо настроение, си мислам, те тера да маваш, да се лутиш и да беснееш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
10. Не те тепаат, но те тераат да избудалиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секаде исто те тераат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Те тераат детето да го крстиш Менелаос или Аристидис или Ираклис или чупето Андромахи, Антигони, Персефопи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А бре својa боја да имаш, како што имаш свои очи и да не те тераат да гледаш така, како што сакаат тие, нели?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
(Манастирот. Евто подготвува малтер. Михајло седи со врзани раце и очи.) ЕВТО: Како не знаеш кој те врзал? Кој те тераше да доаѓаш ваму?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ВТОРАТА ЖЕНА: Твојот другар Ристо вели дека таквите источни учења се спротивни на православието и ги осудува, а ти беше вистинска христијанка, што те тера по тие патишта?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)