те (зам.) - тепа (гл.)

Шо велиш ти? Ќе ни бидеш ли дружина или ќе седиш ошче да те тепа и вјава Адем?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зарем поради тоа некој треба да те тепа?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јебига: маж ќе те тепа, жена ќе те вара, швалерка ќе те остави, син ќе те разочара, снаа нема да ти се погоди, зет ќе се испијани, балдска ќе те намрази - а само сестра е во состојба сите нив да ги истрпи!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Петре учителот едно време внимателно го гледаше Јолета наш право в очи а потоа му рече: - Прво ќе те тепам тебе ако не седиш мадро и ако зборуваш кога не те прашувам. Разбра?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ти реков, дека ми рече да не ти ги давам сите, да чувам резерва, ти рече, Борис, малку те тепам.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
СЕЛАНЕЦОТ: Та, ако не ја тепаш, таа тебе ќе те тепа... И има право сиромашката.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СЕЛАНЕЦОТ: Шамија нема на глава.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ако не можам да те сакам, вели, ќе можам да те тепам, како ѓуптинот ѓупката, вели, првин ќе те завиткам во една черга, вели, за да не можам на место да те отепам, и после ќе мавам, ќе мавам, вели, дури да ме заболи раката ќе мавам, дури да те засакам повторно, вели, и после на секое удрено место ќе те бацувам, вели, за да се сетиш зошто било тепањето, вели, младоста сонува, му велам, а староста само се сеќава на сонот, рекол некој, колку деца ќе имаме, прашува Горачинов, јас веќе имам едно, велам, ти имаш, вели, но сакам и јас да имам,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вака, тој те тепа, а тебе ти е жал да му вратиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
10. Не те тепаат, но те тераат да избудалиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знаеш дека некој отепан те тепа и незгодно ти доаѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Зошто? Те тепаа? - Ме тепаа и ме затворија. - А Аким те попари, а?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Истиот ден поминавме фаланга. А фаланга, тоа ти е да те тепаат пет-шест полицајци.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Да не те тепал некој? продолжи да испрашува мајка и.“ „Не! Не!“ - одговори малото девојче.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
ДВЕТЕ, ПРВАТА И ВТОРАТА ЖЕНА: Па, зарем татко ти не знаеше дека таа те тепа? Си можела да му кажеш!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Излези, не те тепам тебе, вели, и ме бара в ќевар, в плевна, под скали, на черен, по мутлите, секаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тебе те тепаат, а те тераат да им помагаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)