те (зам.) - сфаќа (гл.)

Одрекувајќи се од секаква претензија да те сфаќаат сериозно и oткажувајќи се од сите лични права на сочувство, на сентименталност или на уважување, фрлаш клин во машинеријата на општественото обезвреднување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
БОРИС: Мајка ти те има прежалено, мисли дека си изгубен. А јас те сфаќам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Оваа мрежа на идеи и вредности ги содржи: претставата дека стигмата на хомосексуалноста може да се надмине не со отпор кон неа, туку со нејзино прифаќање; откажувањето од секакво очекување дека ти следува да те сфаќаат сериозно; ироничното гледање на сите општествени идентитети; навиката да се третира автентичноста како изведба на автентичност; одбивањето да се уважи како достоинствено страдањето на поединците кои се нашле во ужасни и трагични ситуации, дури или особено кога ќе се погоди баш ти да бидеш еден од нив; истовременото заземање на општествено повисок и општествено понизок став, што подразбира постојано унижување на самиот себеси; отворено признаената срамотност на сексот и демократизирачкиот порив таа срамотност да се шири наоколу; антихиерархиската инклузивност на камп-хуморот, неговото себенеизземање и неговата постојана функција во создавањето заедништво.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Конечно, г-нот И. и г-нот А. можат да отпатуваат, со автобус, во македонско гратче каде што не биле веќе десетина години. цртежи на местото на трите точки: часовници, бремени жени, лист, бакнеж, календар, недопуштена цигара, клуч во брава, салфетки, полуиспразнета чаша, чадор, мачка, сексуален акт во „јавачка“ положба, циркузантче со неопределен пол што балансира по жица, дланка што на Венериниот брег има хоризонтална лузна, расипана жолта неонка што со крцкање се пали и се гаси, куче скитник што лежи на персиски тепих со главата на предните шепи и мрда со опашката, медицинска сестра со старовремска капа и јаки листови на нозете, девојка со испулени сини очи во жолта фротирска машка пижама, сцена од автобусот, во кој, заедно со г-нот И. и г-нот А., се возат и еден молчалив татко со своето зборлесто девојче, кое му се обраќа со „татко Ратко“, еден испотен бизнисмен, кој постојано вика во мобилниот, нагласувајќи дека ќе биде таму најдоцна за еден саат, плус-минус пет минути, млада ромска девојка во која таа ем се кара, ем се смее: Ава карик... тева кераптуке нешто ... макелту манца... а тој ѝ се смее, и ја гушка. г-нот А. кон г-нот И., додека автобусот минува низ една клисура со бујна вегетација и брза река (дождот, сепак, не падна): Те сфаќам, љубовта не е баш секогаш фер спрема оние што љубат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Те сфаќам“, вели тој, „ама не ми се верува“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И така никој не те сфаќа сериозно...
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Жената што со него влезе во лифтот не си ти, туку комшивката Гога.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)