те (зам.) - разбуди (гл.)

Тие секогаш знаат кога си отишла најдалеку во сонот и тогаш ќе те разбудат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ распоредија кај селскиот одборник, а јадење немавме и легнавме гладни, а не знаевме ни колку ќе се задржиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Изгледа те разбудив? - намуртено погледна на командирот. Тој се втурна на кај креветот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Слушнав домаќинот ѝ велеше на ќерка му, таа беше на возраст од околу четиринаесет години: Сите, утре рано да станете, ќе ја викнам тетка ти да меси леб за партизаните а тебе ќе те разбудам водата да ја згрееш.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Излегов малку да прошетам; и при тоа, колку што е возможно тоа, да се мисли на нешто сосема друго, на нешто свое, за кога ќе излезе пред тебе онај живот отаде, тој да те сепне, да те разбуди, да те натера малку да се стреснеш и во истиот миг да бидеш спремен за она, што треба да го сториш со пушката, брзо и без двоумење, сигурно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)