те (зам.) - разбере (гл.)

Како шо ти реку. За пљачката — пљачка; за крвта — крв. Ме разбра ли? — А бре, те разбра! И те разбра и не.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ха, зборуваш нешто, за да не те разберам!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се обидувам да те разберам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пак, барем да речеше Бугарите ќе те разберевме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Но, според мене, во условите во кои живееме Македонците идентични со луѓето кои живеат во останатиот свет, стигмата не се јавува како недоверба во оние со кои може да се разговара, туку од тоа дали ќе те разберат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Оти лесно е да наидеш на човек со кого можеш да разговараш, тешко е да наидеш на човек што ќе те разбере.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Добро, тето, те разбрав. Мојот конечен одговор е да.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Искрено и јас не те разбрав на почетокот за кого прашуваш, и немој да ми се налутиш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И дојденцине сукаат мустаќ околу нејзината куќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакам да кажам дека лисецот најлесно ги лови заспаните животинки. - Сакаше, кажа, рекол Метуш Батковец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не те разбрав, рекол Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И сепак не те разбрав. Ако предлагаш цела ноќ да дреждиме со отворени очи, тогаш кажи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога Ема ѝ велеше “Ти можеш својот пат да си го продолжиш овде, ги запозна нашите луѓе, тие те сакаат, гледам дека и ти прифати некои од нив, и сега на тебе е да решиш; да, јас ќе те разберам доколку сакаш да се вратиш дома, но враќањето дома велиш дека е ризично, затоа остани овде, се друго е непотребна и неизвесна авантура,” Илона ги сфаќаше добрите намери на полицајката, но го спомнуваше Јиржи, својот пријател Јирачек, кој сигурно ја чека во Равена (тајниот јазол на чешката врска, како што често велеше Илона), така се договориле последната ноќ помината заедно во мотелот “Мерси” на излезот од Хасково.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас тогаш ќе бидам бледа и студена, но ќе те почувствувам и ќе те разберам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас тогаш ќе бидам бледа и студена, но ќе те почувствувам и ќе те разберам.) Ханка го заврши пишувањето на писмото со истите зборови како што го започна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Јас сум задоена со таа работа,” ѝ велеше тогаш Илона на својата пријателка, по навика пеглајќи си ги рабовите на сукњата над коленото со десната дланка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ако добро те разбрав: јазикот есперанто или кој било прифатен вештачки јазик би бил јаничарски поставен кон другите природни јазици!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Изненадена од сопствените зборови, јас пак сфаќав колку е корисно на глас да размислуваш пред некого што гледаш дека му значи да те разбере и заради него ја кршиш лушпата на некоја своја замисла што скришно зреела, како ореово јадро во својот мрак!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— Mope бреј, ако те разберат вие наште вдовичишта, кожата слама ќе ти а нап'нат и по села ќе а шетаат да та отплатат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама гледај со мукает, да не те разберат домашните.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Мислам дека ќе престанам со оваа работа. Обиди се да ме разбереш.“ „Да те разберам!“ викна таа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мораш на сѐ да мислиш, што се вели, не знаеш како ќе те разбере.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ништо не те разбрав, - ѝ реков.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Или тој нема да те разбере, и можеби ќе те праша, на кинески, какви тоа чудни звуци испушташ (или можеби тоа целосно ќе те игнорира, бидејќи цело време размислува за одговорот на твоето претходно прашање)?“ okno.mk | Margina #3 [1994] 73
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Чаре? Море, оди легни си на чаирон, стави нога преку нога и ѕвери се во небоно. Господ сѐ гледа и ќе те разбере!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Така некако.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да одиме сега. Ако добро те разбрав, ти сакаш килимот да нè однесе во мојата земја?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Сакаш да кажеш дека тебе ти недостига родителска строгост, ако добро те разбрав?!?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)