те (зам.) - престигне (гл.)

Завршуваше со овие зборови: Среќо, кој да те престигне/ кога си птица?/ Јас по земјата чекорам/ а ти по небесата/.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Овој сон ми наиде откако ја бев издал онаа избрзана наредба: патот да се пушти во употреба на Први мај !
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се клешти и ми се заканува: „Сакаше за празникот да ја имаш првата страница? Еве, ќе станеш цел лист, само да те престигнам!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога тој ми ја пееше таа песна мислев дека за мојата недофатлива среќа зборува!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Изгледа во овој случај некомпетентно се бев впуштил во натпревар со времето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Осаменоста никогаш нема да те престигне, скриените желби говорат во тебе...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)