те (зам.) - праша (гл.)

Ако луѓето те прашаат, измисли приказна и кажи им.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Среќко: Значи и на готвачката ќе морам да ѝ дадам отказ.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не требаше ич да ја примам, има мустаќи поголеми од моите! А да те прашам уште нешто.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Драмата е кратка: Завиј го кој било дел од телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Та си реков, да проговорам, да те прашам, ти имаш познати, дали има прилика да ми помогнеш да купам стан на отплата, ама првин да сториш некако да влезам на работа во шеќеранана, во државно, макар сезонски во почетокот“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знам за него. За другите те прашам, - придаде тој помеко.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Знам, - рече стариот. - Јас те прашам за сликата, ќе можеш ли да ми ја најдеш? Ако сакаш, ќе ти платам добро.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога излегуваш да купиш цигари те прашуваат: ќе се вратиш ли годинава?
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
А оние кои те прашуваат зошто молчиш, нека го побараат твојот глас – тука е некаде во близина, заедно со Коеновиот, во некое ќоше.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Кој те праша тебе, кој ти се плаши? — почна да вика сега татко му и со сила го наседна на столчето баш на кое седеше Адем.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кога ќе те прашаат за четата, Организацијата?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Нема назад, чичко, нема. Не двоуми се. Јас те праша и ти се кандиса.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бев во Бугарија полјак во Бурилово, крај Софија, ама и таму ме запашкаа овие Шакировци, та побегнав да се запазам во својот роден крај.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
во фурните повтор бол да се пече било што било, а што ќе биде не те прашаат што си видел не си видел и од отров како се прави слатко параден марш на стрвни црви и волци свечен танц на испотени надежи божем смртта никогаш не им е наменета на невините не запираат крадците на чисти души и небото немоќно пред нив грчи рамена колкав толкав животот за добивка се броел туристичките водичи отпосле ќе раскажуваат дека зад бодликавата жица славејот севезден колва од радоста на победата.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Никој ништо не те прашува.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Азисе, се познаваме одамна, ама не сум те прашал нешто. - Прашај, Ване, прашај!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- А бе, - тогаш проговори Геро, пред да загризе како во печен костен - не сум те прашал, како се викаш?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ти, о дали свршеницата си сакана ја слушаш? Те прашам: кај ме напушти? ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Мојот одговор воопшто не ја зачуди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Го знаев тоа и пред да те прашам - рече таа и продолжи да ги составува со иглата разделените делови на здолништето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беше како некој, кој штотуку те удрил со тупаница по нос да те прашува, носот ти крвави од ударот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ќе излезе вештер и ќе те праша...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Логотетот го праша Лествичникот: „Заслужи, о пречесен и благоутробен, да те прашам: сакаш лево или десно од мене да седиш? Првенство ти давам, да избереш место.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сакам само да те прашам уште нешто, Луцијо: зошто твојата Партија и ти сакавте да ме кастрирате?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
-Јас сакав да те прашам – како се испраќаат пораки! – рече Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Не те прашам за патот кон сонцето, за легендата на Икар! Те прашувам за копнежот по мојата девојка Ирена.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа беше глупа шега и ти се смееше на нејзината повторлива тупост.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Расположена ли си за Донг вечерва?“ ќе те прашав.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во тоа време, зимата, ако еден од нас порачаше скампи со лук, обајцата моравме да ги јадеме за подоцна усните да ни го имаат истиот вкус кога ќе се бакнувавме. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 185
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа ќе те сретне вториот сосед и ќе те праша дали со тебе долетуваат или сами од себе се појавуваат од земја камените глави од Месопотамија, глинените садови од долината на Нил, бронзениот лик на Ацтечкиот крал, амфората во која се криел синиот тамарис на Сафо, мермерната плоча од Анталија, црвената грутка од Долината на монасите од Кападокија, молитвениот камен од Радика во кој и сега коленичат Богомилите, црниот камен од вулканот на Санторини, или шарата со проклетствата на Перун од Ел Тепе?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се смрачило и си го зеле мажот и жената Силјана, та си го однесле дома.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ја повели, седни и малку леб и сирење касни, да еве кај се стемнуат и ќе си ојме у мене дома, да тамо ќе се разбериме за сѐ што има да нѐ прашаш и да те прашаме.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Томо, може ли да те прашам нешто? - овој пат беше повеќе од директна, мислејќи дека барем на овој пилиштарец може да му се обрати во прво лице.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Туку, да те прашам, како ти е ногата? И дали сѐ уште предност ѝ даваш на добрата снимка?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, претходно да те прашам дали со себе носиш лични документи? - Се разбира.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А сега мораше да откажеш. И ти откажа, а никој не те праша зошто.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше барем да имаше некој да те праша, за да кажеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„А, ако не заслужам?“, прашуваш зашто до овој момент не те прашал дали ти воопшто сакаш да бидеш заробеник во некој стан во не знам која населба, кој со крв и пот тој и неговата сопруга го заработиле, ама тој, имајќи те тебе на ум, никако не се согласува да го издадат под наем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А кога ќе те праша за што беше и за што се дискутираше, кажи дека не знаеш и дека цело време паметот ти бил кај неа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па, кога ќе те праша: „А како?“, ќе ѝ речеш: „Ќе видиш, па ќе дојдеш да ми раскажуваш. И да честиш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Слушам: - Отвори, да те прашаме нешто. Ништо не ти правиме, слушам, само да те прашаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Цела божја година ти поминала, небаре некој да те подзапрел на патон, да те прашал нешто и си заминал. Толку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Можам нешто да те прашам, вели. - Прашај, му велам. - Од кај си, ми вели. - Да не сакаш и крштеница, му велам, да не сакаш ти да ме сослушуваш?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Зошто дојде, сестрице Велико, вели, не ми кажа зошто дојде, не ми се вдаде да те прашам, вели. - Заборавив, велам јас и си заминувам. 85
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кога ќе те прашаат: - Која беше? - Никоја. - Кај си била? - Никаде. - Што направи? - Ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Да те прашам нешто, му велам. - Прашај, вели човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Всушност, не ја сфаќал расправијата. Онисифор Проказник воздивнувајќи чучнал и самиот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кој си ти и кој ти ги видел очите да те праша за кого јас ќе се мажам?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кога поминатата ноќ во она село те праша бегот кој ти ја дал пушката, ти покажа на домаќинот. Не знаел турски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не можеш да се омажиш за оној стар и исушен жабок. Не давам, разбираш, не давам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лудакот не оти ќе те праша, потегнуваше со железото и што ти пишал господ.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Момче, да те прашам нешто: ти со шо се занимаваш? Шо работиш?“ праша газда Таки заинтересирано, но со извесна леснотија и ноншалантност во гласот, префрлајќи го десниот лакт позади потпирачот од столицата на која седеше.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Татко на крајот рече: Е, мој Камилски, и јас така станав дел на изреката меѓу народот: Не те прашуваат што правеше во на гурбет, туку што донесе!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко трпеливо го слушаше, но во еден момент, повеќе во шега отколку како забелешка на излагањето на Камилски, рече: Ќе те прашам, пријателе мој, право да ми кажеш: кој ти е најслаткиот, најмил јазик?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И од мојот гурбет на Запад и јас се вратив со многу книги!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше изненаден од ова прашање: чуму му е на учен човек како Татко ова наивно прашање.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„А јас ќе те прашам. Од каде е ова сонце што ја грее земјава катадневно?“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Ако некој те праша зошто ја носиш свечената црна кошула, кажи дека ѝ е роденден на мајка ти или дека по завршувањето на смената треба за прв пат да излезеш со потенцијалната девојка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„И јас го употребувам истиот жилет веќе шест недели.“ само сакав да те прашам, бате.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Сакав да те прашам, дали имаш да ми дадеш еден жилет“, рече тој. „Не, ниту еден!“ одговори Винстон брзо, со чувство на вина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Те прашав ептен културно, те прашав ли?“ рече старецот, исправајќи ги рамениците навредено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кулминација на реметењето на домашниот мир настанува кога комшијата што живее преку две улици, ќе ти заѕвони на врата за да те праша дали имаш нешто против што у субота ќе прави мало журченце.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Токо, чекај да те прашам: шо вели он, на шо ниет е, татко му шо му рекол од ка се врати или ошче крши жегли? — праша Неда и ја моли Тода да ја поучи како да се држи при оваа прва средба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Грлото му се исуши, не може плунката да си ја голтне, а ете Бојана, проклета Бојана, пак го праша: — Тебе те прашам, море сому, шо не кажиш кај одиш? — и пак се насмеа сама и застана пред магарето да не може да помине.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Речи и: татко сака нешчо да те праша.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најстина, тебе може не ти е толку по ќевот да те прашам секоа недела, токо, лели те ватал такцирот, се ќе видиш, се ќе чуеш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Наседнаа пак и селаните и поп Јаков и почна да го распрашува калуѓерот. – Е, добро дојде оче, да те прашаме.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не ги интересира ти што си направил зашто и нема што да те прашуваат, осуден си веќе, се знае за што, туку те прашуваат кој што рекол во ќелијата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ми велат: „Ајде со нас до милициската да те прашаат нешто“. Мајката! Си реков. Се зачудив.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ќе те викнат на полноќ. Кога не се надеваш, од туку-така и те прашуваат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Туку, друго да те прашаме, - рече Србин не давајќи му да размисли за разговорот што го водеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја повели, седни, и на малку леб и сирење касни, да тамо ќе се разбереме за сѐ што има да нѐ прашаш и да те прашаме“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Туку да те прашам нешто, знам дека си ти стручњак.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И замислете, не мина ни четврт саат, а колоната, сосе сите мравкишта, се префрли на бомбоните.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Излегуваме од „Веро“, нормално со полни кеси производи, си мислам сега јас ќе му спуштам: Врапче,може сега јас нешто да те прашам?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Би можела ли некако да ти помогнам, Хелен?“ „Сакав да те прашам за оној рецепт...“ ***
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Наседнаа меѓу комитите, и Пеце рече: - Дојдовме да те прашаме нешто, дедо Геро!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја ведна главата, се поуми, а кога ја крена, очите му заискрија од пакост и рече: - Да те прашам: сите ли ти платија?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Сакав да те прашам кога ќе го изнесеш шпоретот во тремот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„А ти, да те прашам, од кога стана, да извиниш, генералица?“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зар не е веќе време? Мина зимата“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ете работа. Ти им велиш: не сум женет, а тие те прашуваат колку деца имаш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А јас, можам ли, невесто, пак да те прашам? - Па, шом сме туа, прашај.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас уште кога те видов, нешто каќо да ми шепна на yво, како да му подрече на моето срце: глеј – пази, оваа женичка сигурно е мајка на Ташко, ама не можев да те прашам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Тато, - му викнав, - дојди малку нешто да те прашам!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- ... Ах, да, се сетив што сакав да те прашам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Или тој нема да те разбере, и можеби ќе те праша, на кинески, какви тоа чудни звуци испушташ (или можеби тоа целосно ќе те игнорира, бидејќи цело време размислува за одговорот на твоето претходно прашање)?“ okno.mk | Margina #3 [1994] 73
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сега сум дошол само да те видам тебе, да те прашам за доброто здравје и за раните, ако ми дозволиш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не ми личи да се фалам, ама да те прашам, колку години имаш ти сега?“ „Дваесет и осум“, рече Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама светот не го интересира тоа и затоа сакам да те прашам: ќе направиш една џамија во слава на Алах?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А... да те прашам, мажот ти, велиш, ќопав е?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Е па сега, да те прашам и друго“, рече бегот пак нажалено.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Гледам – повторувам гласно – ама пак, за секој случај, да те прашам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Секако, зар ти не би сакал девојката да те праша дали да излезе со некое машко.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ми вели: „Извини, да те прашам нешто!?“, велам: „Повели прашај!“
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)