те (зам.) - потсетува (гл.)

Дури сега, во кафулето „Ернест Хемингвеј“ во Скопје отпосле те плиснува карибскиот бран и те потсетува дека пристаништата се за да впловиш некаде и дека она што го сакаш не е секогаш тоа што треба да го сакаш.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Зборови кажани од срце, ставам на лист хартија, за да те потсетуваат на кажаното еднаш во еден миг од животот...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
- Точно на тоа на што те потсетува тоа и го работам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Господ Седржителот, кога го создавал светот, водел сметка и во непознатото да стави зрно познато, за да можеме да го именуваме“, рече и продолжи медот да се излева од устата негова: „Зарем кога ќе сретнеш непознат човек, не те потсетува тој, по одот, или по некој дел од телото свое, или по гласот на некој што претходно си го знаел?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пријателе, рече, драг мој Кристапоре, земи го ова јапонско дрво старо близу еден век и чувај го да те потсетува дека животот може да се одржува и да и се противставува на злокобатадури и со последното жилче.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Доаѓа време да си оди, а ти остануваш со сè околу тебе што те потсетува на него.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Само забрзаниот пулс те потсетува дека солзите ти се на крајот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Понеделникот беше еден од оние денови кој без одредени причини ќе нè потсети на есента.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
– Мислам дека ќе нема потреба да те потсетувам - ме предупреди тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дедо забележа дека сум разочарана, но не ме прекори туку ми ја прочита посветата: Книгава цел живот ќе те потсетува на нас.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но еве, јас те потсетувам. Мајките служат и за тоа: да потсетуваат. Зборувам глупости, нели?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како да те потсетуваат кога да се напиеш вода, кога е ден а кога ноќ.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Превртената земја мириса на некаков брлог од бозје и скапани лисја и миризбата те потсетува на одамна неотворен клед со скиселено комиње.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)