те (зам.) - посакува (гл.)

Ги пронајдов твоите очи меѓу замаглените ходници, ме опи твојот мирис меѓу загушливите простори, го осетив твојот допир меѓу острите ладни ѕидови, моите сетила те посакуваа, а моите чувства им дадоа лик на тие немири.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Хотел „Нова Ружа“. ВИЛИЈАМ ГИБСОН Седум изнајмени ноќи во овој ковчег, Сендии. Како те посакувам сега. Понекогаш те удирам.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Пред да те видам, нема да ти пишувам. Те посакувам.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сѐ што беше во умот на Бога кога те создаваше, сега доби форма во мојот ум.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)