те (зам.) - покрива (гл.)

Ми рече: - Нема проблем, срце, оди и задржи се колку што треба, јас ќе те покривам ако некој дојде.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Обесен во некој агол на неосветлената соба Има таква ноќ кога цигара по цигара Стигнуваш ненадејно до некои полноќни дождови А потоа одново слушаш како удира часовникот И го препознаваш во неговиот глас Оној сетен повик Таму некаде, далеку во иднината Кога си играат дечиња и ја типкаат земјата врз тебе И во прекрасна ноќ бараат светулки среде бујнатата трева Што те покрива на ридон.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Потоа си реков: А, небото да го симнам, кога спиеш да те покрива и дар за тебе да биде. Не, не, душава ти е потопла.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)