те (зам.) - обессили (гл.)

Тој што седи пред тебе без престан упорно те гледа в очи, со погледот те пронижува, со тупаницата полека, како да брои удари, удира на маса, со чизмата тропа на подот и тој поглед, тоа удирање, тоа тропање те обессилува, те облева пот, ти се суши устата, гркланот ти се стега, воздух ти снемува, пред очи се ти се смрачува, срцето ти чука забрзано, телото се згрчува...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)