те (зам.) - натера (гл.)

Триесет и двајца се прасиња, 14 се кокошки, а тринаесетмина се магариња!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: А сега кажи кој те натера да ги направиш тие гнасни злодела?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Гледаше и на крајот рече: „Каква нужда те натера, синко, во оваа доба да не спиеш со сон мирен, туку кај мене да дојдеш?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Всушност, тоа што се случи личеше на прогон, иако не беше прогон; суштината на прогоните е во тоа да те натераат сам да се повлечеш, да им отстапиш место.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Туку што ќе правиш, кога ќе те натера маката. За леб и ќе робуваш...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Што мака те натера на кланица да го донесеш добичето, греовен човеку, што грав ти сторило, додаде Тоде Шопо.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Што мака те натера на кланица да го донесеш добичево, греовен човеку“, ќе го праша еден од присутните стопанот, а овој „само ја сведна главата вуземи и не го симна катинарот од устата“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Што те натера ѓаоло ноќеска да ми го заколиш и детето, да би Господ те заклал тебе!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Крши си глаа од куќава надвор и уште еднаш да не ми те видат очиве! Сите браќа така је свикале сите ја исплукале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сигурно е ужасно, мислеше Змејко кога сеќаваш како нешто ти недостасува, кога сеќаваш дека си останал без еден дел од своето тело, кој ти останал некаде незабележано по изминатиот пат зад тебе, во сите изминати денови, а ти си продолжил носејќи му ја празнината, постојано чувствувајќи се прогонет од тој недостаток, сѐ дури вџашувачки неочекувано еден миг не те натера да го побараш, и додека не откриеш дека си останал без него. Каде ли го загубив, мислиш, каде ли?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Излегов малку да прошетам; и при тоа, колку што е возможно тоа, да се мисли на нешто сосема друго, на нешто свое, за кога ќе излезе пред тебе онај живот отаде, тој да те сепне, да те разбуди, да те натера малку да се стреснеш и во истиот миг да бидеш спремен за она, што треба да го сториш со пушката, брзо и без двоумење, сигурно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- За да пиеш велат, треба нешто да те натера, вол не се врзува во празна плевна, велат, и вино не се врзува на празно шкембе, викаат...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По мала Богородица дојде еден сапотничанец и побара да биде примен во четата. - А што те натера, го праша војводата, дали имаш некој убиено, или сакаш некого да убиеш?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Што те натера да си ја кубеш косата, несреќо?“ - Некој друг ми ја кубе, вели Ѓувезија Дубровска.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Ќе ти помине, вели мајка ѝ, нема заматена вода што се избистрила. - Ова не поминува, вели Ѓувезија Дубровска.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Што ѓавол те натера да го сториш тоа...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Тоа е единствената работа што не можат да ја сторат; можат да те натераат да кажеш што било - ама баш што било - но не можат да те натераат да поверуваш во тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Турски офицер на 1.000 души аскер биро — јуначе (Ајде, биро бе — ајде јуначе бре) бити-вајда — се стори, беше работа благота — млечни производи: сирење, маст, урда бобовица — прат ргав качење бојов — еден дел од везот на женска кошула на долниот крај одѕади болка — Во овој случај жената Стојова не ја бива за ништо бонгур — крупно мелена пченица место ориз бош — јалов брези магарици — во см. видни, утледни, во нив секој ќе се загледа бришалче — шамивче за нос букаре — дрвен сад за вода буле — кравајче, малечко лепче бутурисан — поттурнат, прекаран вапцима — бојадисано предено варија — специјален турски жандарм што ги брка арамиите веда — вештица везотница — везана кошула, саѓија велјо — големо велја среда — среда пред Велигден верушки — вериги. синџир на кој се обесуваат котлите да се топли нешто на нив виа — 1) овие; 2) брза (Имам виа работа — имам брза работа) вијам по дирата — ќе му ја барам дирата, трагата со жал; ама нема да му ја најдам вит — неповрат, далеку, неизмерно далеку владичката — за секое венчање зетот плаќаше во турско време 1/2 лира за владика влачи — овде: си го чука умот ваа — оваа вов'чам — ќе се ослободам, овештам воденик — штица на која се клаваат садовите со вода, букарот, ѓумот и бардаците вој — овој волеса — бива (не те волеса за ништо — не те бива за ништо) вра — врав, снопје насадени на гумно за вршење вратика — горска миризлива трева врзана коска — зрела особа, на време вурдук — цигански шалвари вутно — предено за унечки-фути вутче — уничка, престилка гаглак — слабуњаво дете, рахитично галати — псуе галиба — ама, ете, тукуречи голтарачка —гола, сиромашка грабенко — детско или старска боравена кошула, не алова, црвена гребнарка — направа за влачење каде се клаваат гребните грепка — брнка од дојка грниче — шамивче за на грло, на гуша грувам — ќе работиш што си се нафатил иако не ти е пријатно гушале — шамивче за на гуша да ги закрива градите оти кошулите на Мариовките се многу отворени и без петлици давија — тужба далак — болест (далак) дамка — жиг по дрва или стока дартма — крпа за лице бришење даше — јагне домашно кое обично девојчињата го пасат летно време двајстипет — кове од тенеќија од 25 драма декика — минута декцан — мил, добро му дошло што е дошло декшава — согласен, пристанува дели — нешто се разликува од другите дерт — болест по децата дечуманец — дечиште дизг (ск) — специјален тас во црквите на кој се собираат пари дип — сосма, веќе диќел — железна алатка со два рога за копање лозја, градини доде — даде, цеце (сестричке) дојница — овца на која јагнето ѝ е умрено докца — дотера (што те докца — што те натера да го направиш тоа) дореда — идниот пат дос — другарики достур — достаточно, доволно драк — долго танко дрво за сушење алишта (прат) дркул — старец дробни работи — утробата. цревата, дробовите и срцето од заклано животно дуда — име на девојче додека не е крстено дупкар — човек што наоѓа што бара душогубие — злочин со убиство ѓрпам — шетам, трапам без цел ѓувезно — темноцрвена боја (предено, каделка) ега — де, а де едноногиот — ѓаволот елбете — сигурно, наравно ешта — апетит, волја земник — визба зерем — значи зилјатарка — завидливка злов — лут, опасен, лош ѕверам — гледам во некого или во нешто со алчност со пари на синџир или подврска ѕидиница — урната куќа од која стојат само ѕрнѕурки — накип ѕрцки — очи изведит — строен, висок извреснам — искочувам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со кроток поглед пробуваат да те натераат да доминираш над нивните слаби души.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ќе бидам твое засолниште. Во друг живот. На друго место.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ќе речеш дека силата Луманова те натерала.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Роме, нечистиот да те земе! Кој враг те натера да му го отепаш кучето на Лешо!
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кој ѓавол те натера да му ја направиш оваа белја!? - викаше татко ми. - Па ти, тате ... - Јас? - Нели постојано зборуваше ова куче за куршум плаче ...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Сакаш нешто, биди искрен, биди доволно храбар и ќе го добиеш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не ти се допаѓа нешто, кажи, никој неможе да те натера да правиш нешто што не сакаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Александар: Зошто те натера Саба да се одметнеш?
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Може и по вода да те натера да одиш простум.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но добро е што ги нема, оти ако видат дека јадеш, ќе те натераат да повратиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гладот ќе те натера и смртта да ја молиш, и од неа да питаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)