те (зам.) - касне (гл.)

Други панично мавтаат, придружени со неодобрување („ако пафташ ќе те касне“) од поискусните присутни.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
— Машала, машала, убаво си можел да викаш, — почна да му се руга онбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Оф, мајко мори! Ме касна за срце, змиа лута да те касне, да рече господ златен, од куршум да не куртулиш?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
1. Не гибај во Ноќта - ноќ е, Ќе те касне, ќе те згасне, Ќе те нема, ќе те снема, Не ја земај.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Не знаеш ни кога ќе те касне ни кај ќе те касне.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Најзагодочна на авторот му се виде неговата насмевка што во секое време се ширеше до некоја отвореност на душата, но никогаш човек не можеше да знае кога ти се смее затоа што се радува или ти се радува, а кога е готов луто да те касне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Може да шиниш нога, или змија да те касне.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
23. НЕ ДРАЗНИ ГО КУЧЕТО ЗА ДА НЕ ТЕ КАСНЕ - ти се вели да не правиш од играчка плачка, ако својот детски порив во себе го згаснеш за животот пеплосан ќе добиеш - огнена значка...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Краста: Подобро немој, може да те касне.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе ми дозволиш ли да го погалам, Еди?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нема куче за што да те касне. (Пауза. Прднува.) Михајло! МИХАЈЛО: Не сум јас. СУЛТАНА: Ѕвер на мајка.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Може да те касне.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Се мрцкаш и слушаш: - Јас ѝ велам јариче, таа ми вели кукурек, а јас ѝ велам потполошка и синоличка и перуника и божурика и змијско грозје, а таа ми вели: змија да те касне, здрав да не си!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Боси сме, голи, нема ни куче кај да те фати, кај да те касне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ако те касна пчела, му велиме ние, пчелата сега е умрена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога ќе се почешаш, тоа директно оди во крвта и во период од една до дваесет години, добиваш болест која е мешавина од маларија и сида.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Бреда?“ „Тоа е одвратно“, рече таа. „Тоа навистина е одвратно.“ „Но мислев...“ Се повлекував. „Извини“, реков.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„И потоа умираш“, реков. „И потоа умираш.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од другата страна на жицата имаше молк.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Во Јужна Америка и во Африка. Еден вид мува ќе те касне и ги полегнува своите јајца во твојата крв, и кога јајцата ќе созреат, ларвите - мали бели црвчиња - преминуваат во твоите очни јаболкца, токму под мембраната, такашто можеш да видиш како се грчат.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе те каснат и тогаш, откако ќе ја вцицаат крвта, се залепуваат за раната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)