те (зам.) - исполни (гл.)

Кога ја слушаш музиката што ја сакаш, таа те исполнува со истата топлина и мекост како водењето љубов со жената што ја сакаш.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Препушти ги деловите на твоето тело да се раздвојат, а во средната точка на мозокот достигнувајки нирвана која ги судира генеричните синапси, како енергијата што кинетички патува од јон до јон, образувајки празнини кои те исполнуваат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ќе бидеш шуплив. Ќе те исцедиме до крај, а потоа ќе те исполниме со нас.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тоа паѓање Авни е мала попатна станица која може и да не се забележи во приквечерината на твоето паметење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Прави работи кои те исполнуваат. Биди корисен.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не мораш да го разбереш и да го прифатиш ова што ти го кажувам, но запомни: слободата е слободно паѓање, самоубиство во мигот кога мислиш дека си вечен, кога мислиш дека животот го живееш онака како што секогаш си го посакувал, самоубиство без причини и последици, нешто како катарза што те исполнува со пркос и можеби затоа не бараш виновници и не осудуваш никого во тоа долго, долго паѓање што може да трае и само еден миг.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)