те (зам.) - интересира (гл.)

Штом не те интересира, тогаш оди си! - рече кајмакамот и го пушти да си оди...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Од него пропиште и мало и големо.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Можеби тоа е трагедијата. м Дали веќе си во фаза да кажеш: тој и тој и тој се гадови (нешто слично ко Милчо што кажа), или сепак проблемот на нашата македонска култура е многу многу подлабок и подолгорочен?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И дали воопшто те интересираат вакви глобалистички концепти?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со Линда веќе зборувавме за новите клинци кои допрва се пробиваат и кои веројатно нѐ имаат како пример за тоа како брзо ќе станеме старомодни.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Дали се уште те интересира овојмедиј? !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога не те итересирало тогаш, нема зошто да те интересира ни сега.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Штом ја догледуваш на истата маса, без да те интересира нејзиното друштво, прашуваш дали е слободно, а истовремено си потврдуваш дека е, прибираш празен стол и седнуваш токму до неа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А притоа уште не си начисто дали таа сѐ повеќе те интересира или ракописот на делото во нејзините раце.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тебе да не те интересира.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Зошто те интересира тоа? - праша Боге, прилегнувајќи на својот кревет и повеќе зачуден што ја гледа уште облечена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Што те интересира поконкретно?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако ова те интересира, би требало да се обидеш да напишеш нацрт на проспектот. Доколку имам идеи, ќе ти ги пратам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Доколку идејата те интересира, секако јави ми си - спомни му ја на Мен Реј (Man Ray), ќе го развесели.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но ова го рече нешто подоцна, дури кога седнав и јас на дрвената клупа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не сум сигурен што точно те интересира од оние дамнешни времиња - одговори Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не си ги запознал тие длабочини на умот, затоа те интересираат само површни работи. Ја немаш потребната самопочит.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
По подолго време пак го слушнав гласот на татко ми: - Секако те интересира нешто повеќе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
ФЕЗЛИЕВ: И сосем не те интересира кого... убиваш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Четврток Октомври Човечкиот живот е многу едноставен, само живееш и ништо повеќе, и ништо друго и не смее да те интересира.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Тебе само стрипови те интересираат!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И двете глави ѕунат во празно!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ох рече тоа те интересира? Благодарејќи на другарот Ѓорѓи Смокот!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Доаѓа секоја година по еднаш зборуваше таа а изразот на нејзиното лице и не знаеше за ништо друго освен за невиноста на потсмевот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Паметам дека ме следеше празната насмевка на Јана додека ги слушав зборовите чија што намера ми беше позната и пред да бидат изречени Неговиот роденден те интересира? Само тој?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но тој најголем пријател на Благоја сепак ја спроведе заканата: Ќе добиеш виза, но нема да ја добиеш за да се сретнеш со Благоја , ми рече, туку ќе ја добиеш бидејќи стануваш опасна за нашата слобода!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа те интересира?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Секој ден исто прашање. Што толку те интересира, синко?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Прво кажи ми какви книги најмногу те интересираат.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Лесно ти е така да зборуваш, тебе не те интересира ништо друго освен твоите прошетки со пензионерите в парк, картите што ги редиш, и спиењето. Затоа не се жалиш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Како да не, немаш, тоа не е нормално, на твои години да не се има некој што особено ќе те интересира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Саше порано не пропушташе опера. И не само што не пропушташе туку и по сто пати сите ги има гледано, но Љубе свири виола во оркестарот на Операта, па може бесплатно колку сака да влегува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Можеби јас не сум нормална! – ѝ реков, надевајќи се дека ќе ја смени темата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нема ништо лошо во тоа да сакаш да се сретнеш со оној што те интересира. А, ти мене ме интересираш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Џабе учиш средно музичко, како мислиш да продолжиш на Музичка академија кога сериозната музика не те интересира, туку сè овие твоиве турбофолкериве? Не е во право.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ако те интересира нешто прашај си го другар ти, ајде сега чао.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)