те (зам.) - задржи (гл.)

„Да беше жив татко ти, ќе те задржеше!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако се искачиш, јас ќе те задржам долу. Оди!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нема никој рака да ти подаде, да те задржи, да те поземе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Прости што те задржав. Случајно налетав на тебе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ти си вообразуваш слика на маченичка и на спасител.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Местото не може да те задржи. Тогаш се враќаш онаму од каде што си заминал.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Би сакал уште малку да те задржам во ова убаво мое зајдисонце меѓу ридовите но ти веќе се оддалечуваш талкајќи кон некое соѕвездие што сал тебе ти припаѓа.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Потоа се свртев кон Ема и ѝ реков: „Пропаѓаш во жива песок! Да те задржам?!
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)