те (зам.) - жали (гл.)

Немам совет да ти дадам, ама колку те жалам тебе, стопати по толку ја жалам твојата домаќинка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Клекна крај уништениот механизам и астматично залипа: Мортенијо, чедо мое, јас бескрајно ќе те жалам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се видело моето. Кога твојот човек нема жал, што бараш да те жали селото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не жалиш по никого и никој не ќе те жали.“ „не сум без деца ѓаур ... Ги имам пет. Едното го оставив со сипаници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И да ја влечеш по земја мајката, со кукачка да ја влечеш, таа пак ќе те жали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога останавме сами Марина пак се врати на тоа и рече: - Те жалам понекогаш што немаш баба како мене.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)