те (зам.) - држи (гл.)

Зошто мислиш дека те држат во таа кал ако не за да папсаш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Човек може и да ослепее и секакво лошо да го снајде, ама за срцето и за умот, додека те држат, лага не се наоѓа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Од лево и десно те држат на нишан.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Јас би го однесол писмово кај Иванов, тој би ме помолил да почекам одговор, таму би ме ликвидирале и ти би останал сосем настрана од сево ова и онаа работа со која јас те држам в раце не би имала такво дејство, како кога би загинал од твоја рака?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
црвената: пламливи, избувливи луѓе: што на ум, што в срце - тоа на уста, за една болвосерка - туриваат каца со мед; им пререче ли нешто, им се пикна во зборот, не ги поддржа, не им одобри - повеќе за тебе не држат, те замразуваат; додека имаат мака на алтан-терезија те држат, кога ќе им помине маката, за старо тенеќе те даваат; само тие како да постојат во селото; соседите ги тераат да ги врзуваат кокошките, а тие кучињата свои ги пуштаат кај што сакаат; кога ќе се впипрат во лицето - запелтечуваат; ако ти е фрлена шега, подбив, мунѕа - од нив е; се зафатија ли со нешто, наумија ли нешто - или ќе го сторат или раката ќе си ја отсечат; жолтата: колебливи во очи, во држење, во однесување; многу сакаат да слушаат, да чујат сè, а ни трошка нешто од себе да речат; во расправиите бегаат, не сакаат тука да се најдат; дома глас не им се слуша, како да не се живи; за мала работа трчаат кај соседите за совет; кога ќе им влезеш в куќи, не ги фаќа паника, ниту брзаат да те почестат; ако дедо им бил говедар, козар, питроп, полјак - таткото и синот и внукот се тоа; по гробиштата кога сите лелекаат и плачат, тие ги гаснат свеќите да не се трошат до крај; секогаш одат со навалени глави загледани во земјата како да бараат нешто што изгубиле или пак што загубил друг; кафеавата: рано легнуваат, рано стануваат; тешки во одењето, тешки во зборот; само за себе живеат; што било, како било - во нив останува; дома со седење те пречекуваат: ќе те измерат: кој си, што си, па ќе станат; за многу работи се прават дека не чуле; она што е нивно не го даваат на друг да се послужи; устата им испушта мед, а срцето пелин; кога ќе им дојде невеста во куќата, или ќе ја претопат - табиетот да им го земе, или клоцата ќе ѝ ја удрат; имотни се, но со прсти стегнати, кајафлии не се расфрлуваат и не арчат многу: дури и кога дечињата наутро ги празнат мешињата, ги празнат во дворот - да имаат што и кокошките да колвнат; избегнуваат кај што не им е по ќеф или кај што шерепере се зборува; жените со плетиво одат в поле, в планина, в црква, на молзење, в град по купување; кога даваат совет, не ти кажуваат сѐ докрај - нешто и за себе задржуваат; ако те засакаат - виделе нешто во тебе што им се допаѓа; кога ќе им се случи нешто лошо во куќата, одмерено плачат; кога се болни, не ѝ веруваат на болеста; со неа шетаат, со неа работат, со неа по веселби одат; ја носат, а гледаат кому да му ја прилепат; розовата (шеќерлијата): чаламџии, фодули, самобендисани, а купи ден - помини; на оро први; те сакаат додека имаат мака; јајце да варат, надвор го варат - да ги гледаат сите; од надвор куќата чиста, паќна, што се вели: азна, а внатре празна; што да се случи во селото - први разбираат; во разговор ќе те префрлуваат од рид на рид, ќе ти тргаат фурки - в очи ќе те лажат; не држат многу до зборот: речи - одречи; ти даде ли нешто, сите знаат; новата кошула ја облекуваат врз старата: кој да види да завиди; први се за гости, за јадење, за пиење, а кога ќе им дојдеш дома - им поминал светецот!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе ти скокне на градите, ќе те кутне и така ќе те држи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За да гледа колку си сиромав. За да те гледа од повисоко, да те држи на подалеку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ние ќе те држиме, рекол првиот тревар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Другиот, помладиот, како да не се сложувал, како да не верувал во таквото верување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тешката вистина дека во циркусот те држат од милосливост, од жал.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Август, во циркусот те држат од милосливост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се смее акробатот, пропаднатиот акробат, а смеејќи ти се ѝ се смее и на својата судбина. - Овде те држат од милосливост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ајде, кажувај! - А што тоа тето? - Кажувај како ти се допаѓа „играчката“ што денес те држеше за раце?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Недај Боже! Сѐ уште ме интересираат жени, но изгледа кај тебе, на највисокото скалило се оние кои прво ќе те легнат, па потоа ќе те држат за рака... - ја прекина реченицата иако имаше уште многу нешта да ѝ каже. - Глупача!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се поохрабруваш пак, нешто те држи сепак ти го крепи духот, тие веќе некако ќе ти го одредат талентот, знаат тие, проклет да бидам, знаат, знаат кој колку пари чини.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ќе ја испружев раката и те држев за главата, мислев така полесно ќе ти биде, како да сакав да ти дадам енергија од себеси, да издржиш.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И она за каменот што секој човек си го носи околу вратот, тој вели е опасен само ако се најдеш во вода, тогаш те спушта на дното и не ти дава да дојдиш до површината за да загоуниш малку воздух, те држи, вели, долу, додека не ти ја разејне устата и да те напоуне су вода.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не ли си помлада, мори Божано, уште коски те држат!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Те држев во пазувите. Уште те доев, макар што беше голем за тоа. Ама јас така правев и со другите деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И, гледајќи кон другиот брег, кон местото на нашето поаѓање во судбин­ската ноќ, тивко прошепоте: – Сине, премил на мајка, како сега, и тогаш те држев со овие раце.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Демек... - присторе Србин. - Демек, тоа е да не знаеш кој кога те држи под око и зошто. - Аха, - рече Србин и реши нешто да запамети. - Убаво богами.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога си бил мал. Те држеле на растојание непристојно од космосот. Затоа имаш фантазија.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Пат, а пак те делам, те двојам, те цепкам кратам, сечам, шкопам, кастрам се подлажувам – те држам в раце! те сместувам во книги те памтам, памтењето го предавам од едни на други поправки правам, предавство знаци, севозможни форми за да ми кажеш по нешто, па сепак те немам!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Те држат како прогонета ѕверка, ништо да не можеш да направиш, а постојано да гледаш што се прави со тебе. „Според човекот и несреќата, велеше дедо, за секој друг човек, друга несреќа.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
О измамен степски Волку- Па таа за рака те држеше, а не знаеше, не ме држеше за рака а сѐ помалку дишеше.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
ЈАКОВ: Сега ти текна? Родителите те држеа врзана цел живот, не се бунеше, мислеше така треба, мислеше добро ти е.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)