те (зам.) - гали (гл.)

Знам чувствуваш како те гали мојата мисла со нежноста на ветрот...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Мраморно Море, 94 совршената Не е маѓесна Оваа светлина Што те полева Што те гали Туку, Се-те-на-та Онаа што прелева Над колковите твои А јас ја нареков Со-вр-ше-на-та. цвет На цветот му нема спас: Полуде по кожата Од твојата Дланка. насмевка Тивко Ветре Во сонот На Ангела. тело Твоето тело: Ужасот За честичките Во моето Око. облаците На Л.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Каков восок во ушите, жено, ништо не ќе те спаси тебе внатре ти пеат сирени скитници страдна да те галат секој миг, осудена си зли ветрови, очи и ретки птици.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На некоја, ете, устата ѝ станала блага, мека, чиниш ѝ тече мед, друга те изненадила со долг и светол поглед, мил, срцето да ти го стопли, чиниш над главата ти се отворило небото, виножито, те гали, о боже, трета пак срамежливо ведне глава кон земјата, се срамува, кротко, како јагне, гледаш ѝ се позашилиле градите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Би сакала да сум цвеќе, и во милувки да те галам да бидам ноќна птица, и кога телото твое жар ќе жари ко змија со јазикот оштро, да пијам сок од твоите жили, и така в бессоница, да те милувам тебе мојот најсакан цвет, што рози и ме мори...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Занесени во нашата игра не забележавме кога дошла Кате од третата зграда.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Блеки, немирко низаеден! Така ли се бега од дома? Јас те галам - а ти си сакал другари. Е, Блеки, Блеки...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Секој го викаше како си сакаше, а тоа се вртеше, трчкаше - де кај еден, де кај друг - мило рунтаво црно топче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Му рекол: „Чекај, синко мајчин, ќе заодиш на училиште па ќе видиш: ќе ми ти го донесе умот учитетло, нема да те гали како јас, туку душицата ќе ми ти ја вади.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)