те (зам.) - врати (гл.)

За да те врати во светлината на денот... За да биде покрај тебе.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
И може творецот на светов жив да ми те врати штом мојот ќе го чуе стон!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Патот кон реката го фаќаат и залудно тебе в строј те враќаат. Не си ти ко сите...
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Тогаш еден пријател ме посоветува: - Мавни се од глувчешкото пријателство, зашто може да се случи, не ти нив, туку тие тебе сургун да те пратат и да не те вратат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Анѓеле, ич да не се плашиш! Ако те вратат пак ќе меткаме, ќе пустиме како и досега со мака и ќе живееме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А уште потешко, ако те вратат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако имаш нешто да приговориш, не ме интаресира. За ова што го направи, можам пак да те вратам во затвор. (Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ај одлости ја вратата и слези ваму кај нас, сега никој нема да те враќа в село!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Господ нека не чува од лошото и што побрзо да те врати дома.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Рече: - Леме, сине! Леме внученце, не ти велам збогум, не бил јас Иле Костадиноски ако не те вратам од тоа проклето место, - тоа го рече со таков глас што можеа да го чујат дури и тие што беа крај реката, како да сакаше тоа сите да го чујат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ти се јавуваат на прошетка, на клупа, во паркот, при сркнување на првата голтка на утринското кафе и те враќаат во тоа што далеку остана зад тебе, но е нераскинлив дел од тебе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)