те (зам.) - буди (гл.)

Сјај Мрак Малтер Црковна икона XXX Те буди низ темјанот мислата на ангелот...
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Среќа е еден убав збор, мисла која те допира оддалеку... копнеж кој те буди наутро...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Смешкај ѝ се под брк као, те буди и баш би ја „онаквувал“, ама доцниш на работа, а баш би ја... ех...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Твоето срце е мојот доживотен затвор, а мојава душа е твој вечен дом, само имај силна верба и надеж дека еден ден ќе го најдеш патот до него, за да го најдеш мирот и спокојството.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ти се радувам зошто знам дека некаде и некогаш помислуваш на мене и слатка болка ти го одзема здивот, кога те буди мојот шепот од сонот кој ни беше одземен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)