те (зам.) - брка (гл.)

Каде каче ќе потправиш, каде букаре, бочва, бурилце, ќе се најдиш во работа, да не те бркаат. Та за печалба — не стегај се ногу.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Смит, бате, да ти кажам зошто те бркам наоколу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
СОФРЕ: Кај ти даваат земи, кај те бркаат — бегај!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не можам да сфатам како можи некој да си дава за право да ти го оспорува идентитето, обичаите, начино на живот, културата, да ти го оспорува правото на живејш и работиш таму каде шо си роден, да те брка од дома, да те смета за помалку важен од себе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Да не те брка агентот? - Не, задувано одговорив. - Така ми се трча и трчам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Мечка ли те брка? ме задржа Андон.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Е, па затоа те бркаат и викаат по тебе како по бескуќно...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бев изморен и не можев да пеам со нив.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Детево ѝ ги извлекло ушите на сенката за да те слуша и друг пат, кога ќе те брка лав, да бега пред тебе.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Но едно е да трчаш по среќата а друго е да те бркаат од неа. Пањимаеш?“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Солта уште повеќе ѝ ги разјадуваше раните. Ја печеше, ја штипеше по целата глава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега веќе знаеше дека, за да се решиш да бегаш, треба некој да те брка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако наидеш на кучиња, оди полека, инаку ќе те бркаат. Раката нека ти биде врз чантата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нема да дозволам ништо лошо да ти се случи. Не терај ме да плачам, Мајкл.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не ми е гајле што овде е поевтино. Тој ми вели, нема што да се грижиш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога се преселив да живеам сама, брат ми ми купи пиштол затоа што кога жена живее сама треба да знае да се одбрани. Нишани во колениците!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако некој ти се приближи, на пример ако дојде на 10 стапки од тебе, речи, „Вешто ракувам со полуавтоматско оружје.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ставивме картонски кругови на една ограда на село. Најчесто ги погодувам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Џојс, нема да дозволам ништо лошо да ти се случи, ми вели тој.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеш да одиш низ една или друга улица, без светла, така што не ги гледаш нечистите еднолични жолти ѕидови, улица по улица, со кучиња кои ќе те бркаат и црнкињи кои не те сакаат и мирис на ѓубре, во социјално-станбените блокови. Тие луѓе се гнасни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)