те (зам.) - брани (гл.)

Среќа што Мустафа ефенди не се согласил со него: му рекол За да те бранат, доста ти се арамиите што се собрани околу тебе, а ајдутите се моја работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сашка ги стегна клепките на очите: Колку е убаво да чуеш вакви зборови, дури и тогаш кога непробојни штитови те бранат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
— Јас, кога те бранев, ти ме нападна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, било за да останам, ниеден куршум не ме фаќа. „Некогаш и господ ќе те види и ќе се замеша, велеше мајка, и да не го викаш ќе те побара, ќе застане да те брани.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И додеваше молбено: - Кажи ѝ на сестра ти. Јас те бранам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Од каде знаеш дека те бранам? - Ете, знам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ако те нападне некој голем гуштер да те бранам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Те чува од повреди, те брани ноќе од крадци од лукавиот! – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)