те (зам.) - бара (гл.)

Тој и не е свесен дека после ќе бара уште и уште и уште.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе те бара по сите можни ѓаволови дупки за ова да му го направиш повторно!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Кога ќе ја заврши работата тогаш. Тој да те бара, ти да не го бараш!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Те бараме да ти кажеме и ти да знаеш и да сториш нешто“, ми рече Михајло. “Сѐ ќе се исуши, и сѐ живо ќе цркне“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Те барам низ цело лозје, - вели таа, - а ти си се скрил.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Драган те бараше. Нема друг Драган во вашето одделение.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Слушалката од таа страна се покри со рака и еден глас се огласи таму: - Звоне, те бараат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во собата влегува мајка му. - Те бараше Димче да си играте! - му рече.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Митко раскажуваше: - Те барав тебе по телефон. Ми се јадеше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Како тоа да беше нешто повеќе од ехото на неговиот сопствен глас што одеше во гредите, тој ги слушна зборовите, „Некој долу те бара тебе, Ден“.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Патем речено,“ рече Ризо, „Пјерс те бараше вчера но го смував со некоја приказна дека бараш некој дел за Те-це-це. Ми требаше некое време да ми текне каде исчезна.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Најпосле кога седнавме да вечераме тивко реков: - Тетка Рајна дојде со една непозната жена, не знам дали тебе те бараше и те дочека ли? - Не гледав во него.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Едно попладне, кога се вратив дома по долгото лутање низ градот, мајка ми потсмешливо ми рече: „Те бара едно весело момче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Замоли да те почека овде, па минавме некое време во твојата соба, ама не е баш разговорлив.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Само ти остана, а и тебе те бараат за да те убијат!‘ А потоа, гневни на прогонувачот, ме убедувавте да избегам, а од мене баравте благослов за да се одмаздите за пролеаната крв на нашите браќа по вера.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дојди си в село. Те бараат луѓето да те видат, да ти честитаат за иконостасот, за твоето мајсторство...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зар да идат ваму да те бараат по овие пештери...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од кралската палата глас се слушна Кралот старицата силно ја гушна Добре дојде мајко стара Малиот принц тебе ми те бара.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Залудно те барам БОСОНОГА СО КРВАВИ ПЕТИЦИ ПО ПЕСОКОТ!!!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Низ магловита вечер, во полусон те барам Боса загазувам по улиците – те барам... нозете бесвесно тапкаат погледот се губи во чекорот на минувачите...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Јас тебе те барав да те закопам тука.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- А - рече - таман тебе те барав јас.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Тето, те бара некој Ѓорѓе, - ја подвикна Рада тетка си, но остана во нејзина близина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Те барав од изворот до утоката, во годинава што мина, стигнав до секој забит, го превртев секој камен, но те немаше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Те нема, долго те нема! Те барав и очекував да ми се јавиш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Па те нуди, како домаќин, да пивнеш нешто да се опуштиш, а ти знаеш дека по првото ќе се врзеш, по второто под маса ќе те бараат, а по третото - под него евентуално.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Дошле некои комити, вели, чув те барале тебе... Реков: да ти кажам да се позакриеш, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вечерта се врати не вртејќи го лицето кон ќерка си, побара вода; пред да ја крене стомната, полека и без возбуда, како да соопштува нешто што таа го знае, рече: - Нека е со среќа. Андон те бара за снаа. ***
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Борисе, те бараат. Дојди. Борис сосем и не го разбра и ждрака во другарот. Очекува уште некој збор. Момчето го влече за ракав.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Наеднаш, посакуваш некој да те бара, да ти дрдори за неподносливи работи кои делуваат полезно.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Но кога дојде зад аголот од улицата, ја забележа како му иде во пресрет, сета испотена и возбудена: „Те барав по целиот град...“ му вели.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А Марија те бараше секаде: и по болници и по лудници и по затвори и по мртовечници.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сону мој, дојди, очиве само тебе те бараат...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Разбудена среде ноќта те барам тебе во дел од моето тело.... тебе, мирисот на убавина во твоите раце... не се раѓаат повеќе такви како нас... срцето ми кажува стихови за тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Тој е свет човек, чува од зло.“ „Не сме сонувале“ , му рекоа „Видовме голема челична каса, зашто прв пат кога те баравме згрешивме и затропавме на неговата врата.“ Застана; гледаше со неверување.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како да те бараше, како да чувствуваше дека те нема. И тоа тагуваше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Уф, чинеше тој; чинеше и таа. - Како ме најде? - Те барав дома...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Доаѓам пак и молчам. Очиве те бараат некаде високо, високо - твојот врв на рамо ми се потпира!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Те барав цело попладне по крчмите.“ „Ме бараше да го продолжиме роденденот?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Каде си? Од кога те барам! - налутено рече Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Кај си, бре Трајче? Од кога те бараме?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Наместо под девет земји девет години пред тебе да ме закопаш Ти ме остави да скитам по патиштата Со сите да те барам и нигде да не те најдам - Така ме раздаде. Така ме уништи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Да те барам - нема, Да ме најдеш - нема. Анатема. Анатема.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Море, да не е шофер на другарите, на што ќе те барав, - рече налутено и со дланката се удри по внатрешниот дел на лактот така што раката одеднаш му се подигна и кога се најде до носот, Кузе ги стегна прстите во тупаница.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
22 УТРЕДЕНТА Пандо се сретна со Кире. - Јас и вчера те барав, дедо, ама никако да те најдам. Каде си бил?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Стигна ли во Битола?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И ете, јас, како што гледаш, со добро ти велам дека те бара, а зошто, изгледа само тој знае.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Те барам пријател да ми бидеш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Те барам како исчезнат збор од мислата што се бара.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Еве, сега те барам на гробиштата кај Лавот на два-три еленски скока од твојата куќа во тишината на улицата Фуад Минџиќ.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Те сретнав сосема случајно, тогаш кога не те барав ни во сонот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И ако некогаш во твојот сон, сониш расцутени зумбули, нека те потсетат на нашите пролетни утра, на нашето заедничко време, на нашите часови, во мирисот на зумбулите скриени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
— Тебе те бараше... — Да не беше шпион?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги закопуваме кутиите в земја, а оданде ми викаа: Те бара Горачинов, те бара Горачинов!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оддалеку се дава вик, се пренаша дури кај нас: — Михајлооооо, о, Михајлоооо! — Тебе те бараат...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Па и немам, да знаеш! Видов една, ја подаваше главата - ама тебе те бараше!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Беше тихо и пространо, сонцето грееше а далеку над Огражден се гонеа по прозрачното небо јата бели пувкави облаци. – Кај се губиш, Белич? – го наруши Мече прв молчењето. – Те барам толку време, а тебе никаде те нема.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога дошле, ми кажувше подоцна стрина ми целата возбудена: Почнаа по собите да те бараат, а стрина ми божем не ги разбрала за што се дојдени, им рекла: Повелете нам ни е денес слава, чекаме гости.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Отидов дури до Млечен, те барав насекаде, гласно те викав по улиците, каде сè не бев, дури до Црквичето во темниците сум бил.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што бараше кај Црквичето, знаеш дека таму ноќе не одам – се зачудив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Оди си, ќе те бара мајка ти! - рече Томчо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)