таков (зам.) - мој (прид.)

Знам дека исчезна како никогаш да не се ни појавил, но не знам кому и зошто таквото мое сведочење би му послужило.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Да го спомнам и она предупредување што му го реков пред да заминам: „Знаеш, му реков, животот не постапува секогаш на ист начин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„А напати и ме казнуваше”, додадов. „Грдо ме казнуваше”.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, од сите овие мои објаснувања мислам дека можеш да заклучиш дека ниту со совет а уште помалку со упатство сум ги поттикнувал кај него намерите што можеле да го турнат во некоја неразумна потрага.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му раскажав за повеќе случувања во кои јас лично се обидував да изигрувам херој или трагач по вистини, и дека, за мое големо разочарување, животот ги користеше таквите мои недоволно обмислени потфати само за да ме исмее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веќе сум уверен дека тој токму во моментите на таквата моја замолчаност му се посветува на она негово упорно копање низ внатрешнината на моите помисли и тоа само со сврдлињата на сивите како челик очи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)