таков (зам.) - човек (имн.)

Биди горд на она што мина, не оставај никој зад себе што вреди, таков човек секогаш верен ќе ти биде, такво чувство се сретнува ретко, праведен биди, како сенка ќе те следи.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Но, кој од оној свет се вратил? Камо таков човек? Сѐ уште силен е Харон...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И едниот и другиот се налутија, рекоа дека таков човек само големо лошо и прави на грцката држава, дека со ендопјите треба кротко ама цврсто, ама не и така како шо прави даскалот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Прашуваа, распрашуваа дали некој видел таков и таков човек, и по далечините и по блиските села, но одвет никој не им даде.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од таков човек подобро да си го имаш шубето ако не сакаш да се најдеш фатен за капината.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ете тој, таков човек го уби тој кутри Јован Гаматниковскини крив ни должен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таков човек и на две вери да служи не е штета.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На Лења просто сите многу му завидуваа, а тато воопшто сметаше дека, ако некој се занимава со парични операции, а всушност со ништо не тргува, дека таквиот човек треба да седи или зад решетките на банката, или зад решетките на затворот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таков човек немало овдека, ни велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да им речат: Ете вакви луѓе сме биле ние, ете таков човек треба да бидеш и ти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Замислете еден таков човек да биде чувар на вашиот сон, каков ќе биде тој сон?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Да, бил виновен, таквиот човек со ордени.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Не разбирам,- говореше, другар Аритон Јаковлески, - говореше, - не разбирам како таков човек може да си дозволи Аритоне Јаковлески, а ако веќе ја пуштил раката...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Откога ќе се ожени и оплоди, покрај принципи, концепти и авторитети, доаѓа многу цврстата рамка, родителството, врзувајќи го за своето чедо, го оградува јаремот – родител, речиси до крајот на животот – зборуваше старецот. – Таквиот човек, окован во стеги, не е свој.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Навистина ја злоупотребуваше таа своја способност да се оддалечи од туѓите зборови.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зошто ѕурат во тоа чудовиште кога веќе не веруваат во постоењето на таков човек?“, го прашувам јас твојот татко Козакот Семјон но тој не ме слуша, или се прави дека не чул.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да седиш со себе нa својата маса, неделив и да можеш да подариш дури и победа - химна за таквиот човек. Gottfried Benn – Една химна 1951.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Па и не е Петјка таков, да допушти слободно да го заколат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Навистина ќе речеме: не е таков човекот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)