таков (зам.) - филм (имн.)

Користењето на рокенролот ме врати на некои рани андерграунд филмови, но она што беше ново е холивудскиот начин на отворање и рекламирање на еден таков филм. (И, секако, тоа беше првата добра улога на Џек Николсон).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сега мене во овој мој посмртен живот можеби ми претстои да гледам токму еден таков филм сниман и премонтиран од сликичките на целиот мој животен живот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Девојката, која едно пладне сосема случајно заталка во муабетот на четворицата стари другари, пред да папса од здодевнст, мигум осозна зошто на времето Фелини снимал такви филмови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Колку згодни нозе имаше ќерка му на стопанот која севезден поттрчуваше кога се качуваше по мермерните скали на старата куќа во еврејското маало! (море, не ќе да поттрчуваше, таа беше ептен флегматична!?) И сѐ така, воздишки и исчудувања, колку извичници, толку прашалници.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)