таков (зам.) - убавина (имн.)

Ама јаребиче фатил стариот орел! Вели дека досега не видел таква убавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Љубов што не се осмелувам ни да ја допрам, за да не расипам таква убавина. Каква убавина.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Ја сонив мојата мила тетка. Сестрата на татко ми. Таква убавина. Совршена убавина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кога ќе умреш еден ден, никогаш веќе не ќе можам да пробам такви убавини што само ти знаеш да ги подготвиш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Никогаш не сум видел таква убавина, ангел.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Зарем може да постои таква убавина, таква чедност...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)