таков (зам.) - став (имн.)

Всушност, постои тенденција да веруваме дека докол­ку една индивидуа, уметност, култура главниот акцент го става на својот надворе­шен изглед, постојат причини да веруваме дека зад таквиот став се кријат многу случувања.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова, претпоставуваме, не е точно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи не постои начин на ова прашање да одговориме директно, сѐ што преостанува е да го собереме она што лежи во самите дела на Ворхол.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но и покрај таквиот став на военото и политичкото раководство на ЕАМ/ЕЛАС, народот и раководството на теренот, единиците на Првата македонско-косовска бригада биле пречекани многу срдечно.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но за К.П.Мисирков во македонските услови таквиот став беше еднаков на пораз.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таков став имаа и германските и австриските социјалисти во тоа време – главно поради истите причини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За Мисирков, којшто ги имаше предвид конкретните услови во својата татковина и можеше да го согледа развитокот на својот народ во блиска перспектива, таквиот став беше наполно неприфатлив и историски анахрон, особено кога и лично добро ги познаваше националистичките методи и средства во воспитувањето и во српските, и во грчките и во бугарските училишта.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Клучниот проблем во врска со легализацијата (која се содржи во тоа што нејзините заговорници ги предвидуваат можните негативни последици, а ги преувеличуваат можните позитивни), претставува тоа што легализацијата на продажба на тешки дроги неминовно би довела до зголемување на потрошувачката, а што најскапо би го платиле најсиромашните и најзагрозените општествени слоеви.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како и многу други приврзаници на легализацијата на тешките дроги, Бендоу постојано, иако без докази, повторува дека поголемо зло претставуваат проблемите кои произлегуваат од забраната за уживање дроги, отколку од самата нивна употреба. Таквиот став ми се чини многу наивен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со такви ставови, нараторот добро знае на какви опасности се изложува и не му е тешко да разбере зошто постојано е прогонуван до безизлез; треба да се спречи по секоја цена да ја мине границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во одредена смисла таквите ставови се вистинити.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Што се однесува до мене, јас не верувам дека таквиот став ќе им служи на интересите на елинизмот...“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Имено, Македонија во британските политички планови за повоеното уредување влегувала единствено во рамките на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Очигледна е претпазливоста со која британскиот Форин офис се однесувал кон сè она што можело, на кој било начин, да претставува и најмал сигнал за поддршка на такви ставови коишто не влегувале во сферата на британската "реална политика".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во виенското списание Transit некогашниот славен полски дисидент Адам Михник во текстот со наслов Во сенката на Сократ пишува за националниот идентитет во модерното општество и ова го заклучува за денешната улога на интелектуалецот: „Држењето до вистината и воедно следењето на барањето сѐ околу себе да се анализира и секоја идеја на моќниците на овој свет да се изложи на испит - таквиот став за интелектуалецот значи: го прифаќаш тоа дека ќе станеш објект на навреди; мораш да сметаш со тоа дека луѓето за тебе ќе шират злобни гласини - дека ја презираш сопствената земја и ги предаваш националните вредности.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)