таков (зам.) - роман (имн.)

Сакав да ѝ напишам за мојата намера еден ден да пишувам токму на темата на жртвувањето, во план имав таков роман, тоа беше Балканскиот жртвен јарец, но остануваше едно прашање од романот Татковите книги кое таа често го поставуваше, а јас постојано се обидував да ѝ одговорам, во очекување на вистинска можност...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но, тој, замисли, упорен: „Ти ќе напишеш - вели - таков роман и готово!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Затоа за таков роман се вели дека е добар роман.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)