таков (зам.) - прошетка (имн.)

Катерина сигурно ќе прифати една таква прошетка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Часов е како создаден за една таква прошетка; целата Потковица, од сртовите на ридовите, прудолу по падините и во бавчите е раззеленета и како полеана со златото на залезот, воларите веќе се враќаат во населбата, а стадата се симнаа на долните падини на ридиштата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секој кој ќе го види, или кој чул дека заминал натаму, накај Коритница, ќе си помисли дека заминал натаму, накај Коритница, ќе си помисли дека излегол на прошетка за да си даде одушка по сите овие возбуди, или, пак, дека отишол да запали свеќа на Латинска црква во слава на оздравувањето Лазорово...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Помислив: колку сме проклети и неумешни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)