таков (зам.) - приказна (имн.)

И затоа ги пушташе широко уздите на својата богата фантазија и лееше такви приказни за невидени и нечуени работи, што ти се чинеше, додека го слушаш, дека се наоѓаш во некој друг поубав свет во којшто не беа тешки ни маките, па ни самата смрт.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но...). (...) Куќите што ги изнајмивме во Провинстаун, Масачусетс, за неколку дена станаа вистинска кочина, и тоа најмногу поради тоа што сите ВЦ-а беа блокирани - изгледа дека тоа секогаш се случуваше кога Велветите беа во близина - така сите почнаа да трчаат низ собите со раце полни со гомна фрлајќи ги низ прозорецот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Веќе бев слушнал дека тие имаат такви навики, но едноставно не можев да поверувам во таквите приказни, сè додека со свои очи не видов човек како трча низ собата и носи куп гомна и умира од смеа. (...) Тоа лето постојано снимаавме кратки секвенци што подоцна ги искористивме за Девојките од челзи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Недетерминираност внатре во детерминираноста Доколку нарациите на индивидуите за нивните животи ги ограничуваат значењата што тие му ги даваат на искуството, како и аспектите на искуството коишто ги избираат за изразување, и ако тие значења имаат специфични и реални ефекти во животите на тие индивидуи, тогаш имаме јак аргумент за 46 Margina #4-5 [1994] | okno.mk детерминираност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој аргумент е уште појак ако се земе предвид степенот до кој таквите приказни се канонички и дотолку одредени од средината колку и од индивидуата, како и тоа дека тие се историски создадени во контекстот на специфични институции и социјални структури.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Па добро, знам... Сум слушнал такви приказни дури и во мојата Македонија...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Затоа вашето враќање овој пат ќе биде поспектакуларно со Непознатиот од Норд-експрес. •Хичкок: „Тоа е секогаш филозофијата run for cover.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таква приказна и јас сум чул“, рече стемнето мајстор Јосиф.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Објаснувањето дека информацијата случајно ти се истресла мене воопшто не ме изненадува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И без твоето двоумење знам дека има и премногу фира помеѓу известијата што втасуваат до мене“, му реков на Борче.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А за колкаво значење станува збор? - се вознемири таа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-А потоа, не мора на таквите приказни да им придава толкаво значење – реков кога ми ја донесе новоста за генералската ќерка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, не му реков дека за мене и не е битно ваквите податоци колку држат вода, и дека неговите информации стануваат интересни само во случаевите кога ќе дотечат од повеќе извори, или кога ќе откријам дека во таквите приказни е содржан и некој туѓ интерес или настан спротивен на нашите интереси.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Или не ми веруваш? Само ти пренесувам обичен лекарски наод!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе раскажувам такви приказни што ќе се вратат, намерно, од сите четири страни на светот, за да ме убијат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Оти, признавам, убави е кога тато ни раскажува, ама тој не знае да измислува такви приказни, и секој ден различни, како мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)