таков (зам.) - помисла (имн.)

Руса стана да живее кај своите, но еднаш, во време барање дрва за огрев (еднаш во годината, во октомври, жителите на Потковицата ја кастрат гората и берат дрва за огрев) дали некој ѝ рекол или сама дошла на таква помисла, дека Јован Дамчески и таква, огрубена, ја чека дома за да ја земе за невеста и отиде кај Дамческите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таквата помисла, за преминување во ислам, ни на крајот на умот не им паѓаше ниту на султанот, ниту пак, ним, на Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А таквата помисла ги ужасуваше сите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада таквата помисла несвесно ја потиснуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ништо не ѝ пречеше, ништо сѐ уште не го разбрани животот на нејзината сакана кукла, па сè што ѝ се нудеше прифаќаше без бунт, без помисла дека постои бунт и без причина за таква помисла; како што чешелот никогаш не се сплеткал во нејзината негувана коса.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со таквата помисла и ми исчезна од очите, но не и од сеќавањето. се чини оти уште со првиот взглед врз него, како а почувствував оти дел од неговата маглеста темнина се пресели во мене, во длабоките одаи на помнењето и сеќавањето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тегобата од таквата помисла ја криев во себе и со себе ја носев.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Имам впечаток дека соработувам со интелигентно момче кое не е раководено само од своите инстинкти.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ајде, помогни ми да сфатам што размислуваше. Како си ја замислуваше акцијата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност таквата помисла и не е толку страшна: Си посакал значи да и го соопштиш она што те копкало, што ти било врежано во мислите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, знаел дека неговата одлука не е в ред, и таквата помисла многу придонесувала да се чувствува виновен, но сепак оценил дека разделбата е најдобриот крај за оваа врска.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И згора на сѐ, како шлаг: „Заборави ме брзо бидејќи, како што велиш и самата во писмото, заборавајќи ме мене ќе заборавиш дека и синчето личело на мене“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А таквата помисла за заскитаноста или за загубеноста ми наиде кога во аголот на собата, во мрежа обесена на ѕидот, забележав зелка и неколку моркови.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)