таков (зам.) - положба (имн.)

И како ќе биде тука при таква положба? Го излага мулазимот за Доста Макрева.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Станува значи збор за инаков простор, инаква читачка навика, инаква егзегеза. 36 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Хегел и Жене едновремено, лице в лице, едниот во другиот и истовремено едниот зад другиот, ако воопшто се можни геометриите на заземање такви положби.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А таквиот, штукнатиот од умот, знаеја поганците, на сите им служеше за подбишега, сите го сожалуваа, па нејќеа да се најдат во таква положба.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ние треба да создадеме таква положба – да нема во Македонија ни бугарски, ни српски ни грчки интереси, зашто таму нема Бугари, Срби и Грци, ами има само Македонци од словенско потекло и некои други македонски народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се натпреварувавме кој подолго може да издржи во една таква положба со нозете закачени на пајандите, а рацете и главата свртени удолу.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се обиде (веќе два месеца во Истражниот затвор самиот се убедуваше дека сè што ќе направи овде е само обид) да ја зачува сликата раздробена меѓу зарѓаните квадрати и да ја протолкува на начин што му прилега на човек кој е прочитан од самиот себе и не дозволува никој повеќе да го помрдне од таквата положба која му даваше слобода да гледа (онолку колку што му дозволуваше затворската решетка) и да размислува дотаму до каде што му стига умот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не можеше ниту да ме остави сама со Ели во таква положба, да потрча по лекар, ниту пак да ме испрати мене сама по него. Ѝ стави топломер.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Чувството дека таквата положба не може веќе да се трпи и дека некаков излез мора да се најде, општата омраза спрема Турците, направија целото христијанско население да го прифати оној кој сега ќе му помогне или кој покажува на дело дека сака да му помогне...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Секогаш се наоѓав во таква положба.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Или пак едноставно да ја прифатиме без приговор непријатната вистина дека човекот инстиктивно настојува да го напушти местото на својот пораз за да ги избегне огромните пипала на несреќата и на болката од таквата положба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)