таков (зам.) - поделба (имн.)

Без исклучок, од страна на сите три нови господари, отпочнала да се спроведува политиката за денационализација и асимилација на македонскиот народ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во овој филм нема таква поделба, па до крајот на филмот се прашувате кој е позитивниот лик - Лиам Нисон или Пирс Броснан.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во културологијата односно во заложбата да дадат прецизна дефиниција на популарната култура, то ест да ја одвојат од елитната, некои културолози наидуваат на прекор од научници кои не се согласуваат со таква поделба.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како резултат на таквата поделба на Македонија и на македонскиот народ, понатамошниот заеднички развој на стопански, културно-образовен и целокупен општествено политички живот бил прекинат, а патот кон денационализација и асимилација на македонскиот народ, широко отворен.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со Париските мировни договори од 1919 година, таквата поделба на Македонија била потврдена.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)