таков (зам.) - план (имн.)

“12 Несомнено, доколку таквиот план би се остварил и би се проширил би можел успешно да му се спротивстави на обидот на Германија да ја држи “Европа во целосна потчинетост и воспоставувањето на новиот поредок би било скоро невозможно“.13 Тие биле свесни дека народот е тој кој “еден ден ќе претставува тајна армија и сите активности кои се насочени кон разбирање на тоа се активности на СОЕ, јасно одделени од воените операции, кои се преземаат од сојузничките трупи без помош на домашното население“.14 Реализирањето на сето тоа, сметале тие, било можно единствено ако се помогне некоја партија или група чија внатрешна програма му давала извесне надеж на народот дека нивните природни потреби за поголема економска сигурност, социјална правда и реформа еден ден ќе се остварат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Се реши да се бори и почна да посига по Иса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа и му одговара да пишува дека божем не постои една вистина, или дека вистината не е чиста, дека обидот за чист план се извлекувал, дека таквиот план, под чудни (чудни!) околности, се уривал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Самиот Шатев не спомнува за таква изјава и за таков план. 177 П.Шатев, 372-373.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога го најде, со делениците нивни Акиноски и со сватоштините седеше близу до Мустафа ефенди, уште повеќе се засрами: дека имаше скроено таков план, сам да се предаде, то ест да му подвали и на Исо и на сите кои дошле да ја гледаат борбата, особено на христијанштината која очекуваше тој да излезе победител.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)