таков (зам.) - карактер (имн.)

Задачата што ни претстои е од таков карактер што бара Вашиот сопруг, токму поради тоа што е еден од најистакнатите работници во нашето легално движење, да не биде замешан во работата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нема соменние, оваа диверзија, како што спомнавме, прва од таков карактер во Македонија, имала силен и невообичаен ефект и кај властите и кај оние што за тоа дознале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Имало, значи, полно факти што го натерале Стег да ја даде следнава необична оценка за солунската полиција: “Слепилото на полицијата, којашто дозволила такви значајни работи да се изведуват во најнепосредна близина на Банката, толку голема количина динамит да се внесе или произведе во Солун и непознати сомнителни лица да одат и доаѓаат без да бидат забележани од нејзините агенти, овде изгледа толку необично што, според мислењето на голем број луѓе, тоа не може на друг начин да се разбере, освен со тоа: можеби е дадена директива таа (полицијата) да ги затвора очите додека револуционерите не се осмелат да преземат акција од таков карактер којашто на властите би им дала можност да ги оправдаат најстрогите репресалии“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа што се случило на 29 април било од таков карактер што предизвикало ужас и паника во целиот град.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Најчесто со таков карактер се мажи, ако се жени имаат многу машки карактерни црти.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сигурно треба да се пронајдеш во таквите карактери.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Гемиџиската револуционерна акција била од таков карактер што ниту имала потреба од широк круг на соучесници ниту пак можело лесно такви да се најдат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јас немав таква склоност и ме заморуваа таквите карактери.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)