таков (зам.) - задача (имн.)

На обајцата им беше јасно дека ова требаше да биде, всушност, последната меѓусебна сесија за конечно справување со балканските (без)опасни турцизми, пред да ја состават конечната листа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со таква задача беше задолжен и Камилски, којшто овие зборови требаше да ги извлече од областа на архитектурата, урбанизмот, трговијата и занаетите, земјоделската терминологија, алатите, парите, мерките.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не само што мислеше дека тој не е соодветен за таквата задача туку и дека не е восхитен да навлегува длабоко во таа тема.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Присуството на британските воени мисии на територијата на Македонија им дало можност самите директно да се запознаат со придонесот што единиците на НОВ и ПО на Македонија го давале во борбата против нацифашизмот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Аналогно на тоа, таква задача имале и британските мисии на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кимнав со главата неколкупати и реков „добро, добро“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Добро? Се почувствував горда дека некој мене ми дава таква задача.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Одбери таква задача од која никој од нас нема да се врати жив.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нашиот организам, и без помагалата на современата наука, доволно успешно ги толкува пораките на природата преку многуте послушници во нашите тела; знаеш колку органи се ангажирани со такви задачи; (еден вид резонатори, нели?); а потоа, тука е душата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)