таков (зам.) - гадост (имн.)

По молба до небото, отповик за таквата гадост да прати, мојот живот мене да ми се врати.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Утредента ме викна класниот, Фискултурецот и ми рече дека ако продолжам да говорам такви гадости за партијата, и тоа уште за партијата на која не ѝ припаѓам, ќе ме отстрани од училиштето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)