таков (зам.) - време (имн.)

Беше такво време, одредено за големи скокови кон иднината.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не се најде дури ни некој таков, кој, после, ко се дозна за тоа, барем само да речеше дека му се присторило нешто така, како да поминува некој по сокаците, но од што умот му бил зафатен на друга страна, да пази на тоа за кое бил одреден да пази, не се сторил ниет ни да помисли дека некој може, ако не е лично Хаџи Ташку со дружината, да се крене на пат по такво време.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Без заштита од татко, вујко или кој и да е близок, тој сам, направо, уште во првите денови на својот гурбетчилак остро се судрил со животот и брзо ја сфатил неговата поука, дека во тие и такви времиња мајсторот мора да потуши секаков творечки копнеж на својата душа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Промената кај него беше толку длабока и суштинска, што и нему му требаше време за да се запознае, а бидејќи такво време немаше, се однесуваше како измрзнат туѓинец што тропа на усамена куќа за да се стопли.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кој од колибарите помислувал дека пред нивните колиби ќе застане автомобил, и кој се надевал дека ќе дојде и такво време, од дома да им испраќаат леб со автомобил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во некое такво злодоба и се зачнало колибарењето, во некое такво време и е ставен темелот на Бојановата колиба, за повеќе векови единствено човечко свратилиште, единствено топло огниште на десетина километри наоколу.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не се осмелив мисловно да се поврзам со нив.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И ќе дојде такво време, Мортенија се ќе земе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Беше едно такво време, а и сега е едно такво време, што зачленувањето во Задругата беше неминовно, а оној сето тоа време беше Претседател. Задругата, мислеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас не сум толку расположена да ви зборувам како што вие би посакувале; значи пишувајќи ви, јас никогаш не сум имала намера да ви зборувам за себе, а уште помалку за моите здравствени проблеми, кои би можеле на најегзактен начин да се квалификуваат како големи здравствени бизарности.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред да заминам, метеоролозите најавуваа силна бура, а кај нас, при такво време често удираат громови и честопати ги оштетуваат апаратите доколку се вклучени во струја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но гладот го надвлада студот и многумина се решија да тргнат и по такво време – та се вратиле, та не се вратиле.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Брезничани продолжија, како и многу години наназад, да чекаат подобри времиња иако стануваа сè поуверени дека таквите времиња конечно никогаш нема да дојдат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мајка ми почувствува дека таквото време е дојдено, зашто гладот се закануваше да го уништи семејството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А беше дошло такво време – никакво: насекаде ечат фанфарите на силниците, нови тендери за извоз на демократија сѐ додека увозниците не сфатат дека сила бога не прашува.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
25 но ти не се враќаш само јас се играм и во занес, и во очај зашто ништо нема моќ нема такво време ни таков живот обнова нема близина блага ни блаженство зашто далеку одовде ги нема милите предмети нема реки ни планини нема езера ни миризби и кајшто ги има зашто сѐ е црвен кантарион отсега па натаму лековита но горчлива пресеклива трева, жива лава и сѐ е грешка и нема помирување и другото е друго, трето и сѐ се брои а ти си единствена, неделлива грутка, Младост и мака и мак, и зрнце царевка царска приказна полна пресврти и препознавања делби и разделби неразрешливи заплети - и душата ти е водена низ мрак од незнаење кон знаење, трагично, Аристотеле – зашто некој ја негува уметноста на фугата бегството, селидбата!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Јас не сакав да се мажам, рано ми беше, во такво време беше сè во некое исчекување.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Дали војната го направи такво времето, или таквото време ја донесе војната! Широка и бескрајна, како зимата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)