таков (зам.) - артефакт (имн.)

До толку повеќе што геј-мажите честопати се отуѓуваат од таквите артефакти дури и, или особено, кога овие длабоко ќе ги трогнат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Стилот е заситен со значење, вклучително и со сексуално и со обродено значење, па тоа што ти се допаѓа одреден стил открива многу и за твојот сопствен сексуален и родов идентитет, за начинот на кој се поставуваш себеси во однос на веќе воспоставените полиња на општествено и сексуално значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Уште повеќе збунува нашата немоќ да ги одговориме, па дури и да ги разбереме основите на таа тешкотија да ги одговориме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Обично не мислиме вака за културните предмети; тие не ни се претставуваат веднаш така.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Има нешто благо чудно уште во фактот дека културните облици и дејности и артефакти имаат значења што имплицираат род и сексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, кога ќе се соочиме со избор од нив – особено онаков избор што, како што си замислуваме, ќе укаже не само на она што ни се допаѓа туку и на тоа кои сме – во такви околности реагираме инстинктивно на начинот на кој таквите артефакти може да се одразат врз нас, што подразбира и свест за нивната кодираност за род и сексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, бидејќи таквите артефакти се, транспарентно, очигледно, неспорно кодирани за род и за сексуалност – и бидејќи нивните сексуални и обродени значења ни се доволно јасни што не ни е тешко да се однесуваме сходно на нивното препознавање, да си ги искажеме внатрешните реакции, привлечноста или одбивноста – уште почудно е што ни е толку тешко конкретно да ги наведеме тие значења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Клониме од еден дизајн, кој никогаш, ама никогаш не би го имале дома – или не би го носеле, или не би го возеле – не само затоа што е грд туку и затоа што е, да речеме, сладок или китен-китен или фалбаџиски или мелодраматичен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зошто не можеме?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, ако се суди според доказите што ги разгледавме досега, денешните геј-мажи се склони да го третираат бродвејскиот мјузикл – или да ги третираат Џуди Гарланд, Барбара Стрејсенд или великата опера, односно кој и да е друг културен артефакт што наводно кодира слични облици на архаичен машки геј-сентимент – со фобично отфрлање, одбегнување и одбивање.122 Како и Д. А. Милеровиот учтив, но бојазлив љубовен објект, геј-мажите се гордеат со својот левтерен и опуштен презир кон таквите артефакти и уживаат во општественото и во еротското признание што им се укажува кога ќе се оградат од нив, држејќи си се понастрана од нив, и кога одрекуваат секаква можна подложност на нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)