таков (зам.) - некој (зам.)

Крупен човек, кога велам крупен не мислам дебел, напротив тој немаше ни грам сало на себе, но имаше таква некоја конструкција од широки коски, а и беше доста висок.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И сѐ такви некои писма им читал од своите книги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Лесновчаните го благословиле зашто им пеел во црква на туѓ и неразбирлив јазик.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние двајцата, брат ми и јас, не ги обожаваме баш овие семејни средби, иако понекогаш се и за нас корисни, кога ќе успееме да постигнеме некој договор во наша полза, или кога ќе договориме некаква заедничка акција, на пример, семејно патување, летовање, купување нешто поскапо и такви некои нешта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше таква некоја ѓаволски празнична ноќ и се она, на што пред тоа мислеше, се згусна од облици и од бои и се измеша во епруветата на ноќта, се расплива, остави зад себе нејасна празнина и волчо завивање на неговата глад и неговата љубов.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ти знаеш колку јас ја сакам твојата мајка и знаеш, колку ми е драго што таа живее кај нас, а не во некаква удобна собичка со часовник што звучно ги отчукува секундите и со такво некое ловџиско куче, макар два реона подалеку одовде, но, - извини што ќе се искажам, малечка, нејзината последна творба во вчерашниот весник е вистинска катастрофа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Утрешниот состанок не ветуваше ништо пријатно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А анархист, државен непријател и јатак можеби и не е такво некое чудо заради што ќе ме натепа. Робијаш - чудо големо!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)