таков (зам.) - ми (зам.)

Старице, ме гледаш со сините очи низ топлата пареа од витлерите на твојата седа коса -такви ми се очите од раѓање; Го пушташ твојот јазик и гледам ќе ме прашаш, низ прозор не умеам да гледам а колку ѝ е чудесен тој на девојкава до тебе; Избрчкана рако, помрднуваш кон мене не ти се моите очи мета на кому кому како што ли ни смета?
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Такви ми ти работи таму. 36.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Драг мој непознат пријателе! Те оптоварив со бројки. Прости ми. Таква ми е професијата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Такво ми е смеењето, велам и кога плачам се смеам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Такво ми е срцево... Стегав нешто нараснато и згрутчено во мене и молчев.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ми се отна смеа од градите. Ми стана смешно бидејќи си реков дека ќе мора да погледне зад штиците зашто мене таква ми е прикаската.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таква ми беше и куќата. Иако без џамови, без душеме, без врати, немаше ветре да те залисне, да те плисне.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
— Што ти направиле, Војас? — Војна, вели, таква ми била среќата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)