таков (зам.) - го (зам.)

Таа, речиси против себе, покажува дека една историско - метафизичка епоха најпосле мора тоталитетот на својот проблемски хоризонт да го определи како говор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но тој никогаш како таков го нема обземено, во толкава мерка како денес, светскиот хоризонт на најразличните истражувања и најразнородните дискурси во поглед на нивната намера, нивниот метод, нивната идеологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, го откривме натписот Аспровалта и бргу се наоѓаме во прегратките на ова морско летувалиште, за кое велат, дека такво го направиле југословенските туристи...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Еден толку несмасен човек беше тој мајсторот, а брат ми имаше сличен оторбешен изглед на лицето: таков го виде мојата предсмртна пакост.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таков го знаевме Мише Сечко, таков го паметиме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Можеби ќе си мислат дека еве, таа, неговата мајка таков го пушта, валкан.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ѓорѓи беше весељак, боем и голем добричина, сакаше и боза од лоза, и шира од бира, па како таков го користеа секакви багабонти и му ги зимава парите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Природата таков го пресметала и тој е таков, најголем судија што многупати не ја познава правдината: понекогаш човекот е гасеница, гасеницата е човек.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Што се може овде - таков го сакаше синот повеќе ..
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Молчел, што можел да ѝ каже. Таа се наведнала и го зела нарамникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се обидел да ја задржи со насмевка на бескрајни желби. Таков го оставила кога ја затворила вратата зад себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа ноќ, небото беше ѕвездено и по средината од крај до крај, пресечено со млечниот пат. Такво го запаметивме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Она што го именуваме 138 okno.mk како реално и што како такво го доживуваме се оние места, криви или испакнатости каде што составните делови се густо посеани и во кои ги реализираат своите потенцијалности.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Она што го именуваме како реално и што како такво го доживуваме се оние места, криви или испакнатости каде што составните делови се густо посеани и во кои ги реализираат своите потенцијалности.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)