таа (зам.) - цврсто (прил.)

Вистина, Бојан никогаш порано не се нашол во ваква положба, за да знае како мајка му ќе се постави, како ќе го преживува тоа, но сепак беше убеден дека таа цврсто верува во него, верува дури и повеќе одошто е потребно и смета дека нејзиното момче е цврсто, смело, решително и умно, па може насекаде и во секоја прилика да се снајде и да се постави како што треба, знае да ги совлада сите тешкотии.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во овој период активност пројавуаат и македонските студенти-комунисти и антифашисти на универзитетите во Загреб и Белград кои во летото 1936 го формирале движењето “Македонски народен покрет” (МАНАПО).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По првичното еволуирање во однос на македонското национално прашање, таа цврсто застанала на ставот дека Македонците се посебна нација.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тие извираа како порои и ја кинеа Анѓината млада душа, но таа цврсто си стискаше забите, си ја корнеше црната бујна коса и со поглед втренчен во таванот на одајата викаше: – He, не! – Само тоа не!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)