таа (зам.) - полека (прил.)

Таа полека стана, се исправи, направи полукруг и, како да сонува, ги рашири рацете. Лебед, вистински лебед.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Иако сега е скриена во кожурец, таа полека се преобразува и набрзо ќе полета.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа полека се качи кај големата кукла во стаклената витрина, да ѝ се пожали.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Маѓепсана од птицата, која сѐ уште леташе над неа, таа полека зачекори кон западната страна на куќата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој не ѝ рече ништо. Таа полека излезе и зад себе ја затвори вратата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Последните зборови на оптужницата се движат по мојата невидлива врвица но слаби се и се распаѓаат на нејасни слоговичија смрт се вика тишина на невините простори во кои сум побрз од времето; за сите што се далеку од мене моите часови се долги години, уште ќе сум врсник со нивните внуци што ќе клечат пред мене и ќе бараат прошка за гревовите и подмолноста на глутницата - таа полека станува пепел под урна тината на храмот во кој ме судеа, ме осудија на смрт.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со таа мисла се врати во подрумчето, внучињата уште спиеја, па таа полека, внимателно, го потпали ќумбенцето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Последните зборови на оптужницата се движат по мојата невидлива врвица но слаби се и се распаѓаат на нејасни слогови чија смрт се вика тишина на невините простори во кои сум побрз од времето; за сите што се далеку од мене моите часови се нивни години, утре ќе сум врсник со нивните внуци што ќе клечат пред мене и ќе бараат прошка за гревовите и подмолноста на глутницата - таа полека станува пепел под урнатината на храмот во кој ме судеа, ме осудија на смрт и станаа смрт дури и по својата смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Таа полека заврте со главата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Кога си вљубен водиш љубов“, рече таа полека спуштајќи се на седиштето тврдо како камен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да, ја имам. И те сакам. Барем така мислам.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Не сакам да стекнеш погрешен впечаток“, рече со засипнат и сиров глас, „само поради тоа што сум внимателна и скромна и што има толку гнасотија на светот, но и јас имам своја страсна страна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)