таа (зам.) - сам (прид.)

Ниту таа сама како пред четириесет и кусур години.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Меѓутоа, по извесно време таа сама се јавила.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И пак ја користев подвижната камера - што можеби беше грешка, бидејќи таа сама по себе го подвлекуваше фактот дека филмот не е трилер - се движеше премногу лесно.” •Филмот загуби многу? •Хичкок: „Загуби многу пари.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И така, што преостана да се направи во една таква приказна? Да се прикрие опасноста.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Полека се обиде да стежне на рачката, но таа сама се свитка надолу и пак се врати како што си беше. Но вратата не се отвори.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Секој сам си пушта вода и таа сама го мие алето како мисур...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога стигнале таму, на долни крај на Драмчески Ливади, расправаа после мажите, Трајана му рекла на Тодија Јанчески да остане со колата и таа сама со другите мажи отишла да ја извиди бомбата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа, жетвата, без оглед на честите војни и реквизиции на житото, без оглед на суровоста на режимите на завојувачите, високите даноци и, самоволијата на даночниците и чифликсајбиите, и без оглед на тоа што таа сама по себе е макотрпна работа, во Потковицата од памтивек се извршуваше како нешто што налева сокови направо во жилите на животот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имала намера да ја разгледа, точно да ја одреди капсата нејзина, а потоа со пушката, од стотина чекори далечина да стрела во неа, но се откажала од намерата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Другарот Ѓурчин се надева дека ќе го затворите случајов бидејќи тој го смета за расчистен - рече човекот од зад ламбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но сенката од зад ламбата како да го беше наслушнала моето размислување па таа самата побрза да објасни дека не му припаѓа на другарот Ѓурчин: - Со другарот Ѓурчин внимателно ги разгледавме изјавите на обвинетиот - почна да објаснува сенката од зад ламбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Го сфаќаме настанатото недоразбирање, и веруваме дека младиот човек ќе размисли за своите грешни заклучоци а со тоа ќе извлече и соодветна поука.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ова е кацеларијата на другарот директор - ме сепнува гласот на човекот што ме спроведува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На одморот по вториот час, кој беше подолг од другите, ѝ се приближив, но не сакав ништо да ја прашам, ако таа сама не ми каже.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Не сум ја терал да оди по мене, сакал да се одбрани. - Таа самата...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го видел расонувајќи се невозможно изменетото лице на Ганка, на таа негова возбуда и казна и, без здив, со болка во некој 'рбетен дел под вкочанетиот тил, се склопчал, се намалил да ја сокрие возбудата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Одлична прилика да и се посветите исцело на науката.“ „Јас тоа и го чинам“, самоуверено го гледаше Иван. „А за Јана немам што да речам. Таа сама рече сѐ.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Макар што бев силно внесен во лектирата за миграциските движења на птиците, рибите, посебно јагулите, миграцијата на туната низ морињата и океаните на светот, ми беше помалку позната, а за ловот матанѕа слушав за првпат. Се согласив да појдам на овој лов...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XVI Историјата не поднесува натрапништво. Таа сама ги избира своите херои.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Што е должна таа сама да го гледа детето?! Па уште ако не најде работа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И со тоа Доста го премести својот план на друга страна: да го брише еднаш за секогаш Крчето попово од умот и да и остави полна слобода на ќерка си, таа сама да си одбере друшка по нејзиниот ќев и волја.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа млада, а тој богат таа згодна, а тој грд има пара колку сака само алат нема тврд Тој без пара, таа стара тој е згоден, таа сама има само секс без љубов лоша драма крајот шкрт Тој без пара таа бетер тој е згоден, таа гром нема пара има љубов следи брачен бродолом
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Понекогаш таа сама од себе се свртува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Душата толку многу ѝ зашто знае дека ако не успее да го стигне Еда, тој ќе се најде над езерото сам, а таа сама, без негова помош не ќе може да се искачи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега таа сама излезе од зградата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Поседовме некој ден кај Чакарвелика во Битола, ама и таа сама.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Читаше дека таа сама по себе, без да знаеме, влијае од еден на друг, влијае од здравиот на болниот, особено ако повеќе луѓе се во постојанен допир,односно ако живеат заедно: поздравиот организам ја зрачи својата биоенергија на послабиот, на болниот, и тој автоматски, без да знае, се лечи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но, се случи набргу таа сама да ја открие тајната...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Онаа песна до бесконечности продолжува Зашто никојпат не е таа сама: сама се чита – сама се пишува: Сама себеси врата – сама себеси клуч
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
ТАА Никојпат не е таа сама.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Никојпат не е таа сама.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Никојпат не е таа сама.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)