таа (зам.) - огромен (прид.)

Она што најмногу го засегаше, како еден вид ноќна мора, беше дека тој никогаш не разбра сосем зошто се прави таа огромна измама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега Битола, со своите сто и дваесет илјади жители, беше станата стог сено во којашто секој поединец не беше баш игла ама не беше ни поголем од шајка во таа огромна грамада надојдена од селата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Ја направи ли тој морон таа огромна куќа што за ништо на овој свет не му треба?“ го праша Летка мислијќи на плановите на Еда во Брамптон, Канада, да изгради куќа со дваесет и пет соби. „Не“, рече авторот...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И знаев дека не бегав од љубопитно издолжените цевки на револверите туку од неа, од таа огромна гасеница, од тој грев“.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не можела да ја остави само својата нога ни таа огромна приклештена мечка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека последните од деветмината гости (Челичната Шепа, Човекот-Мува, Фантом, Кокино, Толос, Едвард Клешторакиот, Хулк, Хари Лајм и Старецот Зосима), што од алкохолот што поради сопствената неможност да бидат побрзи, сепак некако успеваат, сопнувај’и се, да ја напуштат таа огромна сала (едно од тајните скривалишта на господинот Сенка), дотогаш Пајо Ентропија и Даркер ладнокрвно ги пре­крстуваат рацете, чекајќи да се затвори вратата. 88 Margina #21 [1995] | okno.mk -И вие двајцата - им вели Сенка, откако сите други ќе излезат, на Пајо Ентропија и Даркер, кои чекаат наредби.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
-Би ве потсетил, господару, на она што еднаш го рековте: „ние четворицата - и Дипигус, се разбира - сме како четири запченици од кои секој се забодува во оној другиот”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За миг затвораме очи и под клепките ја гледаме таа огромна толпа од жени и старци застанати на оваа угорнинка и со молк сподавен во липање не испраќаат... а во ушите ни одекнуваат нивните молитви и во молк го слушаме нивното сподавено плачење и липање...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Местото ние го нарековме “Песуците” и од таму гледавме бродови и многу куќи од кои не делеше таа огромна пустелија од песок...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И знаев дека не бегав од љубопитно издолжените цевки на револверите туку од неа, од таа огромна гасеница, од тој грев“.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Семјон, ќе има војна?“, праша наеднаш дед Павел онака, како патем, веројатно сакајќи што побрзо да ја напушти таа огромна рамнина која изгледа го плашеше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Зошто?“, како да се изненади татко ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Кога ќе стркалаш карпа од ридот зар можеш да знаеш кого сѐ ќе повреди, во што сѐ ќе удри и каде најпосле ќе се распарчи и ќе се здроби!“, ми вели тој а со очите како и вистински да ја гледа таа огромна грамада што се валка од ридот и оди право кон него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како карпата да беше тој самиот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)